повик (м.)

СЛОБОДАТА: Не си ли ти оној кој му проповедаше на народот дека треба да е спремен при првиот повик да излезе и да се бори против тиранијата!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
- Република! Слобода! - повик се носи, одмазда вечна гори!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Да ѝ го искорнам пред провала окото на месечината, да ги сечам подвижните нишки на времето кога провалувам, да приковам крик за помош, повик за прогон. Сѐ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Очевидно е дека повикот на Иванов го измести, го лиши од неговата поранешна сигурност.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нежниот сопран на мајкиниот повик го одлепува детето од ногата на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Преку замрешканите очи таа му го праќа својот повик.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Прв го дофаќа утринскиот повик Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ додека сета таа развресканост не почна да се собира сѐ околу еден чуден, можеби и недостатно осмислен, но и највистински повик, што имаше тој да ѝ го довикне на морничавата сивина: - Дај луѓе. Даааааааааај лууууууууууууѓеееееееееееееееееј...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Борбениот повик нѐ вика и пламти во нас со духот на сите предедовци и со дуот на сите оние храбри синови што секојдневно ја пролеваат својата крв по затвори, логори или со пушка в рака.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
5. СТАНУВАЈТЕ МРТВИ ЖИВИТЕ ДА ВЛЕЗНАТ - при тој повик во гробиштата би настанал метеж не за кој прв, кој последен да падне во бездна, а кој побргу од бездната на површина да светне...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Обесен во некој агол на неосветлената соба Има таква ноќ кога цигара по цигара Стигнуваш ненадејно до некои полноќни дождови А потоа одново слушаш како удира часовникот И го препознаваш во неговиот глас Оној сетен повик Таму некаде, далеку во иднината Кога си играат дечиња и ја типкаат земјата врз тебе И во прекрасна ноќ бараат светулки среде бујнатата трева Што те покрива на ридон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
„Ало такси, ало такси, еј такси!“ - се слушаат често повици од некои граѓани по автомобилот со ознака „такси“, но таксистот иако вози празен по улицата, нема да сопре.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа рече: - Зарем не сфаќаш дека витештвото одамна не постои. – Но ова воопшто не е подвиг! – се побуни. – Само го следам повикот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Да ѝ го искорнам пред провала окото на месечината, да ги сечам подвижните нишки на времето, за кого провалувам, да приковам крик за помош, повик за прогон. Сѐ.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Со наша пушка стана војник и трчаше на повик на наша борија, сега пцуеш.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако било време на сенокос, час кога пролетта е нападната од омарнина, копнежливоста на дивите треви ќе му ја раздвижела крвта на добитокот, дење да го наслушнуваат со мудрост на изморени рабини љубовниот повик на птиците, ноќе или пред мрак да ги влечат воденичките камења и да се удираат со рогови погрешно спрегнатите деснаци и леваци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Сестри... Но и без нејзиниот повик жените биле улиште што ќе истури брчење и лутина на отров врз неговата глава на која еднаш, како што можело да се поверува, веќе налетале куп оси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наеднаш, заборавајќи го повикот, толпата се разбранувала во исчекување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трошноста на старите мерачи на времето трепери од повикот на неопходниот збор – не само во безбројност на заминатите исчекувања, туку и во коприната на воздушестиот превез кој ни го замаглува погледот додека го набљудуваме времето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Очајничкиот повик го натера да се устреми кон давеничката, но тукушто почна да паѓа кон неа, сонот, како и минатиот пат, ненадејно заврши.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе