повеќепартиски прид.

повеќепартиски (прид.)

Хабиб Бургиба, таткото на нацијата, основачот на Република Тунис, нејзиниот апсолутен господар, со сите дипломи на правните науки во угледните париски универзитети, ги имаше сите претпоставки, да биде првиот творец на граѓанското и повеќепартиско општество во државата Тунис, која по мирен пат (благодарение на генијот на Бургиба) се отцепи од колонијална Франција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Месади ништо не рече Реалниот повеќепартиски систем во Тунис требаше уште да почека, како што велеше Бургиба јуниор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За волја на вистината, треба да се истакне дека во Тунис со Уставот од 1959 година се воспостави повеќепартиски систем, но почнувајќи од 1963 година, фактички постоеше само владеачката Уставна социјалистичка партија (поранешниот Дестур и Неодестур).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се наметна онаа неминовната, плурализмот и повеќепартиските избори, скапотијата на животот и начинот на преживувањето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)