повеќемилионски (прид.)
Сето ова зашеметува, но истовремено и побудува подлабоко да се навлезе во ова пулсирање на повеќемилионскиот град...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Колку и да е скромно облечен обичниот човек, не е така со оној што има пари и затоа тој прави чуда во екстравагантноста која овде, во повеќемилионскиот Париз, не остава никаков особен впечаток, можеби само на новодојдените.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Татко имаше во својата библиотека повеќе книги кои се однесуваа на Евреите и еврејството, беше обземен од нивниот повеќемилениумски егзил, од нивните апокалиптични страдања, посебно од инквизицијата, холокаустот и невините повеќемилионски жртви во концентрациските логори на смртта.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)