побрзо (прил.)
Речи му тука со здравје да си одиш, повеќе пари да спечалиш и побрзо да си се вратиш...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Гледај побрзо пуштај пари да ја омажиме сестра ти, да одбереме едно гајле, оти еве и таа дваесет на Митровден ги наполни.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Седни ти и напиши му едно писмо вака: ти речи, пријателе, си се оженил пред една недела, а јас побрзо те разбирав колку ум имаш и еве еден месец откако сум омажена.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
БАБА АНЧА: Само гледај, синко, што побрзо да си дојдеш, да не ти венее невевчево.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Ајде, бреј, побрзо да се напиеме! — викна дедот Пројче и си го крена дваесетпетдрамничето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На старицата ѝ паѓа тешко разделбата со внукот и затоа го држи со ковчестите прсти за тврдата дланка и прикажува, малку побрзо отколку обично, како да се плаши дека нема да ги доискаже сите свои мисли што ја исполнуваат незината осаменост.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Во селото имаше побогати, поарна куќа и поголема нива, ама поарно и побрзо никој не ораше од Благоја.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Се разбуди и не можеше да се сети дали сонувал и што сонувал, се отвори, со животворност на цвет, многу побрзо отколку што заспиваше, влажен под кошула и в чевли, сплеткан во чаршафот и со чувство дека низ светкавата, ќурчиски затегната кожа на темето му пробиваат неброј врвови на игли, се рабуди со едно недоизјаснето сознавање предизвикано од шум или од мирис или од продорност на нечии очи и скокна со брзо движење отварајќи ја вратата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Последната ноќ ѝ помина како миг, дури и побрзо.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Стврднат како да ја чека смртта, мислеше дека ноздрите му се полнат со кисела, пресно ископана земја и чекаше - можеби веќе не ќе се пропнува проклетото `рзнување од кое се умираше побрзо и од острицата на зракот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Со смртен страв го кренаа гавазите пашата, ги збоднаа коњите, колку што можеа побрзо, ја напуштија Преспа, подгонети од мислата дека пашата го достигнало проклетството на неговите претци затоа што тој се дрзнал да посегне по скапоцениот прстен...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И си одам уште вечерва, си одам уште веднаш само да побегнам колку што се може побрзо и подалеку... - се истурија како порој зборовите на една незадоволна младост, расната сред кипнатиот живот на големиот град.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Бегај и, ако успееш, раскажи му ја на светот својата вистина. Побрзо.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Стариот чичко доктор рече дека ќе мора да остане в постела, ако сака побрзо да оздрави.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Сите потрчуваат по петелот, а тој, сега веќе и исплашен, уште побрзо полетува на улицата.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Тетка Анѓа потскокнува на самарот, се тресе под мишките, а ние зад магарето замавнуваме со стапови и го тераме што побрзо да оди.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Работеше бавно, зашто снагата и годините не му позволуваа да работи побрзо.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Брзината на автомобилот за час ни фрла пред очи куп убави и непознати нешта, а потоа уште побрзо ги брише. Како некоја волшебна гума...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
И затоа береа, се натпреваруваа, да завршат побрзо, да заработат повеќе. А можеби брзаа и за друго?
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Побрзо да свршиме работа, - рече со изговор својствен на Власите, што братучедите ги потсетуваше на говорот на оние Власи од бачилата брзнички.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)