плоштатка ж.

плоштатка (ж.)

Се искачува на мала плоштатка, толку мала колку да има место за него и за оној што ќе му ја стави јамката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неколкуте мига што ги минав со младиот македонски сликар Лемо Димитровски поодблизу ме запозна со животот на сликарската колонија на малата плоштатка на „Монмартр“, која во моментот беше трансформирана во големо сликарско ателје под отворено небо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Поет - по порачка На Монмартр, Кире ме запозна со една „знаменитост“ на оваа плоштатка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На плоштатката Тертр на Монмартр ШТОМ сум во Париз, наоѓам време за Монмартр, за онаа плоштатка, кај што се собираат сликари од цел свет - за свои доживувања и за парче леб.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На поплочена плоштатка пред црквата, во камено корито, низ железна шепурка, живо и осамено истураше чешма, а во неограденото и заедничко двориште на црквата и населбата, околу кошарки од врбови прачки, кои беа начепени со лепешки измешани со плева и помеѓу кои се шеташе живина, шумно се роеја улишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека некои од војниците, по заповед на садриазамот, ги ограбуваа куќите и со јатаган ја ловеа живината, тој, садриазамот, и другите високи военодостојници, исцуцулени во седлата на коњите, стоеја на плоштатката пред црквичката и беа силно завлечени и учудени од идиличноста на местото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И ќе ја полниме плоштатката пред црквата, започната како Преображдение, а завршена како Свети Сава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога навечер, по враќањето откај сарајот, не можејќи да се скраси в постела, нервозно шеташе нагоре-надолу по плоштадката пред Капан-анот, која дење се полнеше од трговски договарања и преговарања, тој избегнуваше да се сретне дури и со Марин Крусиќ, зашто сега со никој жив не сакаше да ја дели својата болка, како таа единствено да му остана од Атиџе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)