плодно (прил.)
- Земјата, мајчица наша, раѓа. Плодна е и богата. Со врела пот ја полеваме, но за кого?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
УЈ ТОА Е еден од помалите градови во Белгиска Валонија, на обата брега на Меза, која овде е плодна и е таква сè до својот влив во Северно Море.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Верувам дека неговата натамошна работа ќе биде плодна.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ти: плодна Чиниш Школка Затворена, Чиниш Чудење. еротикон Јас: Полна месечина Таа: Најдола ноќ. дождот. ноќта.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Тука биле ниви и бавчи од селото Лисиче. Земјата била плодна, значи добра и за нашиве џунџулиња.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Сполај Богу, вели, земјата е плодна и бериќетот го откупува државата.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)