плови (несв.)
По светлото небо пловеше месечината, наѕираше во колибата со своето насмеано лице и како да им се потсмеваше на двајцата заспани другари.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ветрушката пиштеше, се вртеше в круг, бегаше пред црно-белата двојка. Зад птиците во недоглед пловеше небото.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Во далечина, над градот, плови мек шлеп на танка павлака прав.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Додека под нашите раце бесшумно исчезнува ноќта кон наслутениот смев интимни сосема одиме Оваа постела потна е море со високи бранови што во пените на чекањето ги фрлаат нашите тела и на тој пат што мами сосема измешана плови зелена гранка од соништата и раката од пелин Па сѐ по малку сетни рацете твои како пристан тогаш сум и брод и галеб што во него ќе слета и ја наоѓам во него онаа неизбежна вистина што мавта и подмладува со рацете на ветерот
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
3. немир Но веднаш доаѓа нешто што личи на превез од плач оти е многу густа поплавата од изневерени спомени па долго треба да рониш додека се уловиш себеси – шкољко од премногу лажни и премногу ретки бисери Оти е голем тој град со огромни риби од улици што безредно пловат по немирното езеро од сонце во кое лесно би можел и безразложно да се изгубиш
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Тој беше добар баритон, благ, човечен, што како неголем бран се крева и се спушта пловејќи кон неизвесност.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тие едвај забележително се зголемуваа и пловеа кон југ.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Еве, им плови в пресврт кораб, гнездо на стаорци и пијани арамии, исклештени и обрастени до папок в бради.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Без напор, како далеку пред тоа еднаш, во едно детство, се сети дека плови по непознати простори, мал и згрчен, сиот наморничавен и неподвижен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Плови бродот по синиот бескрај и гони далечини без пристаништа, без сакани средби, далечни заборавени, пусти, глуви.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Одајчето личи на голема удобна кабина на брод што нечујно плови.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се сврте кон децата. „Морнари, дигнете ги едрата и пловете дома.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Би можел да плови низ неа со својот поглед, би можел да се вивнува во сите нејзини неизмерни, незамисливи глобочини и да открива секое нејзино катче по бескрајот, исполнет до пребликнување од сите оние црвеникави допири на топлината по лицето, а пак да си остане отпуштен и така сосема, сосема мирен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А еден кораб со буре плови од бран до бран и не може да најде пристан зашто е без капетан.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
По ридишта плови лаѓа - кормилар е зелен рак многукрак.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Имаше бродови што пловеа по сите мориња и океани.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
7. Летото плови по тихо море Од тимпани и корали.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
18. САМАТА Е КИТКА, А КИТКАТА ЈА САКА - убавината не е збор ни дно ни врв да нема, по мориња плови, по небото лета така, а тука, на земјава, гробот ѝ се спрема...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Не приоѓајте му, Тој се крие во жиличките на тревата, Скита низ пустината и наслушува од која страна ќе надојдат водите, разговара со плодовите, неговиот глас за визглавје го ставаат во крошните на децата и во постелите на болните, неговата галија плови меѓу пусти острови расфрлани низ морињата на оние што останаа без сон.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)