плен (м.)
Мислил што да учини, да се куртулиса от тој плен.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
За награда ние од Стан го донесовме син ти, толку нажалени сите: да не биде храна на птиците грабливи, нити плен да им стане на пците.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
„Халт!„ рекоа и полека, како ловци на кои пленот им е в раце, се доближуваа, носеа во себе со тоа чекорење некоја урнувачка музика, занес на џинови се и чинеа што можеа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Претчувствуваше или виде плен во нејзините канџи.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Но за да не стане повторно плен на волците, јас сакам овдека пред сите да проговорам еден чесен домаќински збор ако ми дозволите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Само нешто го штрекна во главата, кога се сврте назад и ги виде беговите што јаваа по него; зашто ќе треба со нив да го дели пленот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Или - Мануш се добрал до пленот и во алчноста, без страв од неговите мускули, вешто се искрал во мракот оставајќи го да чека, да не дочека...
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Жал му беше за невиното сиво гулапче што стана плен на јастребот, и ги стегаше песниците, заканувајќи му се на крвожедниот воздушен разбојник.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Можеше да стои тука и да гледа како уште еднаш му го однесуваат неговиот плен пред неговата посегната рака.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Добитокот се вознемири уште повеќе. Кучето подивено залаја. Тоа ги раздразни волците. Близината на пленот ги повлече напред.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
45. ГЛАДНА МЕЧКА НЕ ИГРА ОРО - туку по селото го дебне пленот: не отворај ги дверите на дворот и на сокак не излегувај, жено...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Ќе си ги стави рацете одзади, можеби тоа беа часови на размислување, ќе ја фрли главата колку може повисоко (ретко некогаш се веднеше кон земјата), - и туку кружи наоколу во дворот како орел што слетал ниско, над земја демнејќи го својот плен.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сметаме дека ќе биде интересно за вашите читатели ако им ги соопштиме имињата на оние бугарски претставители кои по 450 години на 15 март 1871 г. се собраа во престолнината на некогашната византиска слава и величие за братски да се посоветуваат како да си ја уредат својата црква на која до пред десетина години ѝ се закануваше опасност да стане плен на фанариотите; таа и денес од нив страда насекаде во несреќна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Уживаше додека му се качуваше низ раката, весело пиштејќи со јазичето, или додека го демнееше пленот, хипнотизираната бубачка, плетејќи го околу неа ловечкиот танц.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Скоро распарчувала некој плен. Видов свежи коски, - ѝ објаснив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Кружат јата на секакви мршојадни птици како од цел свет да се собрале; се бијат во воздухот пред да слетаат на земја за да останат што помалку на пленот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Стуткани во живицата го гледавме чудесниот плен.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Беше една од нивните молчаливи, поднаведнати сенки што се лизгаше по почвата кога појдоа во потрага по пленот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Умира и се менува со нов, ни тој не може да му одолее на летниот валцер... ен два три...ја загнездил мама во себе и танцуваат, танцуваат...ен два три...ен два три...како е можно да не те повлече таа неумолива, таа безгрижна вртелешка...ен два три... нашето страдање е и радост и ново раѓање...ен два три...смеата нека е смела и брза – повеќе да дава помалку да чува...ен два три... зборовите сакати се, мислите немоќни се губат – кога сме плен на тонот снен...ен два три...ен два три...моите бледолики родители меѓу исончаните мускули на танцувачите меѓу црвените жици на решетките...ен два три...ен два три...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Не му завидував на Љупчо. Знаев, по некој миг и јас ќе го држам в раце сопствениот плен.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)