плаќање ср.

плаќање (ср.)

А, бре ќешки за плаќање нека е, колај работа! — рекоа деверите и фрлија по еден грст ситни пари преку дупката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Мојата мака не е за плаќање.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И рекол дека и без плаќање ќе ѝ ја донесе на грб сета шума од ридиштата на Златица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги извади разните документи од турско време што ги имаше донесено со себе и оние што му ги даде игуменот и кметот, во кои се гледа дека манастирот и селата околу него: Езерец и Пискупие, плаќале данок и царина во Охрид, односно Охридска каза, а не во Корчанската каза со која манастирот се граничел во Турско време; дека пасошите на населението од овој крај се ваделе во Охрид; дека ревизија на алкохолните пијалоци во манастирот ги вршела даночната комисија од Охрид; дека плаќањето за ослободување од војна обврска се вршело во Охрид; дека пописите на приходите и расходите на манастирот, ги вршеле црковните власти од Охрид; дека во потврдите за исплатени пари на мајстори од селото Езерец што го обновиле манастирот, стои:
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој луксуз се подразбираше и без наредба, без плаќање. Тој е изгубен.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Бев шокиран од споменувањето на името на улицата Хане, улицата каде што се наоѓа и денес истражниот затвор во кој и јас бев држен една ноќ, по она недоразбирање околу плаќањето на хотелската сметка, откога во Истанбул дојдов по собирот на писателите во Измир, за да ги земам парите испратени од татко ми преку Сити банк.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Компанијата за гас не ги остварувала приходите потребни за плаќање на персоналот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јас молчев. И тој кратко молчеше, се мачеше, а потоа рече: Слушај, вели, сакам да кажам за парите, за плаќањето. За тоа јас имам работа со него, не ти.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога муштеријата ќе речеше, сполај ти мајстор Димо, што ме чекаше со плаќањето, или сполај ти ибн Пајко, што не ми земаш фајде, Бошко растеше од среќа како самиот да го рекол тоа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Не можам да воведувам нов вид плаќање за млади луѓе кои и онака едвај ги собираат месечните надоместоци за часовите. Знаеш и самата, криза е”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Договорен систем за означување на локацијата на нарачката и на одговорноста за нејзино плаќање - каде треба да се однесе чоколадото, и кој треба на крај да ги изброи парите.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Со деветта измена на ЗТПОК, од март 2006 година, се предвиде плаќањата на акции и удели под повластени услови, согласно овој закон, да преминат во надлежност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (чл. 1, ЗИЗТПОК/06).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како такви прашања се: критериумите за одење во пензија (возраст и стаж на работникот), правата на работниците-инвалиди со преостаната работна сопственост, одредбите кои се однесуваат на стажот на осигурување и, во одредена мера, утврдувањето на пензиската основа и основицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Според изворната верзија од ЗРО/93, трудовите инспектори можеа да ја преземат оваа мерка во два случаи: (а) при прекршување на одредбите околу засновањето работен однос и (б) при прекршување на одредбите околу плаќањето на придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување (чл. 143, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На пример, според чл. 36, ст.1, т.5 од ЗОП (2007), кај видовите привремени мерки за обезбедување на непарично побарување се вели дека може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување а, меѓу другото, особено: „плаќање на надоместок на плата на работникот за време на спор заради незаконитост на одлуката за престанување на работниот однос – ако е тоа неопходно за негова издршка и издршката на лицата кои, според законот, е должен да ги издржува“. 18.  За целта на ова истражување особено е интересен Разделот IV [Извршување заради остварување непарично побарување], посебно Глава XXIII [„Враќање работник на работа“] – којашто е мошне скудна, бидејќи содржи само два члена (чл. 226 – чл. 227, ЗИ). 30 реинтеграција (в. подолу).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Одлуката за ослободување од плаќање на трошоците на постапката ја донесува првостепениот суд по предлог на странката.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На работниците учесници во штрајк, за време на учество во штрајкот, работодавачот е должен да им уплатува придонеси од плата утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите (чл. 240, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ги разгледував можностите за плаќање, фантазирав како се запишувам на смерот за Меѓународно право и дипломатија, дури го имав заокружено на самата корица како божем утре ќе се запишувам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Работодавачот е должен да го задржи лицето уште 12 месеци по истекот на периодот во којшто е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Беше избришана одредбата дека инспекторот на трудот на сторителот на прекршокот му врачува покана за плаќање на глобата на местото на прекршокот (чл. 41 од ЗИДЗРО/септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)