плашливо (прил.)
Само што овој втор ноќен гостин одеше спокојно, како да не му е првпат да поминува од тука и не се обзираше плашливо на секој шум.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Одзади глобусот плашливо гледаше со бели очи старогрчка гипсена богиња.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Таа кришум му доаѓаше на широчината со плашливо обѕирање вадеше од својата торба јадење.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ангелија прекорно и плашливо рече: - Татко ми го праќа. Бара пари.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Андон плашливо затрепка со белите клепки, ретки и незабележливи што скоро како и да ги немаше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Девојка под чија црвена блуза плашливо дишат две дојки.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
- А-а! Ами ти што? Андон ги избриша со два прста влажните краеви на устата и пак плашливо затрепка; секогаш кога ќе се смееше, од ситните очи му навираа солзи.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Мануш се врати нерасположен, со црвени очи од замор и сонце и плашливо го протресе за рамо. „Брат ти не е веќе таму“ му го подаде стутканото писмо.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Очите ѝ се наполнија со солзи - ја заврте главата кон прозорецот... Ѝ пристапив, плашливо ја прегрнав и нежно ја бакнав по косата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Спијат, плашливо си велеше и на прсти влегуваше во спалната, не палејќи таму светлост.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Зајачето е мало плашливо и ако го фати мечката ќе го изеде. Затоа Сашо не сака да биде зајаче.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Плашливо се извлекуваше денот. На миризливите ископани ѕидови се налепуваше самрак.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Атентаторе мој! Плашливо мое! - и тој пак го стегнуваше во силно гушнување.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тие секогаш следуваа до некакво жалење, незадоволеност и плашливо помирување.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Низ трите здрави окна на прозорецот дремливо врнеше густ снег, а денот плашливо раздени онолку колку што можеше и остана збунет.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Плашливо и несигурно почнаа едноподруго да преминуваат кон нас.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
На вратата полека и плашливо се покажа лицето на Калчо. - Што сакаш? - стрешти учителот.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тихо и плашливо се подотвори вратата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Шишман плашливо рече: - И јас сум Бугарин.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Со коса што му паѓаше над обраснатото лице, во стара парталава бунда од која рацете му ѕиркаат како две полурѓосани лопати, плашливо реагирајќи на секој посилен шум, во очите на Градот припаѓаше на онаа група питачи што се прикрадуваат до кантите за ѓубре и претураат по нив, обѕрнувајќи се како гладни пци.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)