планета (ж.)
На тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од нив да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритмот на животот според Неговите формули - класово изедначување на расите и...
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
22. ВЕСЕЛ СИ? - СЕ ЖЕНАМ; ТАЖЕН СИ? - СЕ ЖЕНИВ - ете така: по завршувањето на оваа анкета се формираат армиите на стражар и пленик - двата спротивни света на нашата планета...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Неусетно се пренесувате и стоите немо пред тајните на галаксиите, пред недопирливоста на човечкото битие во световите на безбројните ѕвезди и планети.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Идеалност има само меѓу планетите во вселената - секоја си оди по својата патека и никоја со никоја не се допира...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Во човековата свест, можеби во секоја и во сите времиња, се крие географско парче на непозната или пронајдена почва на оваа или некоја друга планета, што еднаш, првпат, се запознава со соништата со најневините години.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тенковите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што и е нужно време на капка алдехид да се испари, на тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритамот на животот според Неговите формули - класно изедначување на расите и ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Како кога месечината ќе застане помеѓу земјата и сонцето па ќе ја зачади планетата и ќе ја затемни ѕвездата, тој е несреќна врска помеѓу семејството и своето и нивното утре: без него тие ќе се глад, беда.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Седевме Кети и јас, еден крај друг на прозорецот од спалната соба на горниот кат од нивната викендичка на Попова Шапка и гледавме во чудните предели облеани со бела месечева светлина, кои ноќе, онака голи, без ниедно дрво, прилегаа на скаменет пејзаж од некоја далечна планета од научнофантастичните филмови.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тоа беа тешки времиња за човекот на сопствената планета.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чанга мораше да праша зошто татко ми ја мешаше планетата Јупитер со истоименото божество.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Зашто тој всушност беше сам во оваа соба, во оваа празна ненаселена куќа, во празниот ненаселен град, на празната ненаселена планета, каде што немаше ни жива душа, само тој беше тука.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Сега оддалеку гледам како врват низ улицата сребрена, дишејќи го воздухот на бесмртноста, без да ме примат во нивната дружба, на нивните идновековни патувања низ безбројните златни улици, покрај милионскорачните мозочни аудиториуми, во милиони разнобојни глави на планетава.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Киберпанкот живее единствено како информациона густина во времето кога комплексноста стана критична: штотуку почна презаситувањето на планетата со системи способни за манипулации, испраќања и примања на сѐ поголеми количини на информации.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Сѐ се совпаѓа. Тоа се луѓето од планетата Земја, планетата што пред дваесет илјади години му објави војна на Таолан, што нѐ држеше во ропство, нѐ уништуваше и нѐ уништи со големата и страшна болест.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Под дејство на размената и сеопштото меѓудејствување, народите би престанале да живуркаат затворени во своите граници, нациите веќе не би биле одделени планети, различните идиоми веќе не би се вкочанувале во идиотизми, книжевноста би се одвоила од тлото, а делата - стапувајќи меѓусебно во понепосредно заедништво - веќе не би можеле да се класифицираат според своето потекло.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Очигледно е дека сѐ на оваа планета е релативно, и егзистира независно само доколку во своите односи им се приближува на другите нешта и се разликува од нив...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Промискуитетот ми беше животна определба. Се венчав со сите неневини жени на планетава.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Можеби несвесно емитуваат сигнали, можеби потреперувањето на нивните мускули, по неколку светлосни години, ќе предизвика нежна вибрација на некоја друга планета.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Јас, поправо, и не помислувам дека ќе бидам овде на оваа планета толку долго, тоа е само игра и иронична идеја што ми падна на ум, за да ми мине времето.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Во мојот најдоа интересни честички (мутации од патот?) и затоа сакаа да ме транспортираат со интерпланетарниот „издувен“ топ на другата планета.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)