плав (прид.)
Беше вечер, јасен вечер у Прилепа града, по безоблачно ми небо месечина плава, окол неја там безбројни, ситни ѕвезди сјајат, а и ветер тихиј, хладниј лист на дрвја нишат.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Кутар Фокс. Со своите плави оксфордски кошули посвежи од било кога, со своите париски одела, потемни и поскапи.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Го бутна збрчканото, плаво момче врз отоманот и стручно го соблекува.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ааа, заборавив да кажам; нема плави картони и не мораш да плаќаш здравствено за да бидеш осигуран.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Ваквите дејства, најпозанатиот кант автор на некогашната СФРЈ ги образложи со тоа дека е висок, леп и плав.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Така настанаа милиони слики на дробни дечиња во униформи плави, сите весели и здрави.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Во војничка униформа беше многу убав, светлината на плавите очи се мешаше со темнозеленикавата боја на палтото...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Зад индиго плавите завеси утрото, пушеше цигара и си замина.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Овде булките имаат водени листови ко неистечни мориња да ме поклопат, да ме потопат, во топлата си плава долина.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
За време на комунизмот нѐ облакаа у плави кецели со што би нѐ раздвоиле од класните разлики во системот во кој нели сите бевме еднакви.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Во денешниот капитализам постои модерно унифицирање преку костумирани плави одела и машносуење со кое се гуши индивидуалноста.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Јас те сонив како ангел, како златокрила птица, која лета кон плавите хоризонти на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Мириси на диви костени во зима, расцветани липи и багреми во пролет, гриз од најцрвените цреши и плав хоризонт во лето, златна боја и мирис на зачини во есен.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сјај во тревата гледаш, и цут на дрвја, небо сино плаво сакаш, вечерен ветер, бури што подготвува.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)