пишман (прид.)
Ајде тој веќе има зошто да се лути: задоцнил. А и инаку пишман е што се родил...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ЦИГАНИТЕ: А! Пишман! Пишман се стори!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Но оваа надеж сега ѝ изгледаше јалова и пишман се стори оти не си ја сврши сама оваа работа, туку тргна по маѓии и басни.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ама пак да не рече после оти невидена појду, нека дојде најпосле и он утре со дедот Петка, па и нека ме виде, немој утре пишман да се праве, да ви а к'не душата како на дедот Петка, така и тебе, а мене да ме тр'е сол на главата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На Адем му се нажали за Катето и пишман се стори што му го натрапи со сила на овој едепц'з, ама сега беше доцна да може да ја исправи таа грешка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Знам, вие не сакавте да дигнете рака, ама ете и јас грешив малку, сега пишман го правам, ама тој беше.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Добро, ама да не бидеш пишман кога ќе те влечат агите по судиштата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ех, себеси се продал тој, но сметките му чисти не се па сега, пишман, купците свои за да се трампи ги гони...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
„Пишман ќе бидете“ им рекол тој и налутен си заминал.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
И почна низ плач да му зборува: Пишман се сторив стопати зашто кренав рака на неа за ништо.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
По патот пишман станав зошто реков Цвета да не излегува во партизани.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А мојот приказ на настанот беше поткрепен и со исповедната тажаленка на пишман - лисицата Стојна.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дури и оној што пишман се сторил што влегол.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Не прави се пишман, ибн Пајко, ништо не може да ти помогне кај Мехмед-паша.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А, за секоја евентуалија, за нечитачите, на тезгата ќе изложам грицкалици за нокти за нервозни гризачи, камен за распукани петици, жилети за очајници и фластери за оние што по сечење вени стануваат пишман, па, ако пишаниот збор случајно не им се допаѓа и оние од инспекторатот при министерствата за разни и безобразни, како и за сѐ и за ништо, може ќе бендисаат некое сино пенкалце или запалка со која ќе оди резервоар со плин за полнење за штедливи, со моето отпечатено име со златни букви на него, како кандидат за – ништо и за никаде!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Значи, за да станеш видовит, кој го раскажува минатото, ја гледа сегашноста и „може“ да ја предвиди иднината, не мора да завршиш студии за историја (дека така одеше дефиницијата за историја - запознај го минатото, за да ја разбереш сегашноста, за да можеш да ја предвидиш иднината), ами само еднаш да паднеш во кома на пократок рок, па кога светлината на крајот на тунелот ќе ти се појави, да се сториш пишман и - оп, рикверц, ама со нов ум, претприемнички подготвен да го спасиш и општеството и човештвото.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Време ќе немаш пишман да бидеш Тој ќе се сврти како чекрк стар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таа беше моја постојана придружничка и знаеше да ме разнежи и натажи, но јас не бев пишман што дојдов тука и се трудев да го оправдам тоа мое доаѓање и пред самата себе и пред моето семејство.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Во неговиот дефтер веќе беа запишани зборовите: арач, марифет, арам, инает, фукара, пишман, инает, рушвет, ујдурма, ќелепур софра, калауз, јаничар, башибозук, калауз, курбан, гурбет, душман...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)