питок (прид.)
Истанбулската вода не е питка а оваа што се продава, во чашки или во шишиња, по рестораните, се довлекува од други места и со нејзината продажба многу луѓе печалат убава пара.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Помеѓу неговите краци, помеѓу Горник и Зедница, среде столетни дабови и ореови дрвја, со прочуени бунари за питка вода, се тетоши Загориче, или уште како што ја викаат малечката и населена заветрина - Дупка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Течеше малку питка вода додека стигна врелата, па колку-толку пивнав и ја згаснав малку пеколната жед за да имам резерва во себе за наредниот ден, до првата чешма на патот што не можеше да биде ставена под контрола.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ако успееме да ја спасиме чистотата на Езерото, кое е бесценет извор на питка вода за еден цел жеден континент, Европа, цената на Езерото, тогаш, бесконечно ќе расте.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Оценките се дека ние, во Европа, го имаме најголемиот извор на бистра, питка вода, која, во иднина, сѐ помалку ќе ја има во светот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Постојат, демократи, други времиња и обичаи
има вистини кои не се кажуваат во дијалог
на гозба и оргија, при муслини и мириси
од етерични масла и прележани вина
има вистини кои не се питки и питоми
вистини сами од себе кои вреват
вистини за преврат
за народ, аристократи
и пците веќе знаат
и глувците осеќаат!
__
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Откога се изнапи со питката студена планинска вода, Еразмо се врати до старецот, загледувајќи го од сите страни.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И секого без исклучок го напушташе
под истиот изговор: да ја сочува љубопитноста
- описот и питкоста на слободата.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Животот е филм, една фина приказна со почеток и крај. Содржина толку чиста, питка како бозичка.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)