пивтија (ж.)
Дебелите, бели подгушници како пивтија му се тресеа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И после почнуваш и ти да се тресеш. Како сурова пиперка на усвитена плотна, што се вели, како пивтија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
За мезе имаа пивтија и печено чадено суво свинско месо и луканки што им ги носеа жените, а по вино, со котлиња и со котли, сами си одеа.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
„Некако целиот смекнува како пивтија и лигаво ме замотува.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
ПИВКА - Некоја пивка (т.е. мирна и блага) Мивка си пивкала пиво во една пивница, чекајќи си ги нарачаните пивтии. Кога во тој момент се слушнало „пи-пи!“ како пиле да пивка. Дошол пивничкиот детектив и од под капутчето на сиротата Мивка извадил едно пиле. „Бриши одовде, Мивко!“, рекол детективот. „Кој видел пиле да пивка во пивница?!“
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)