печали несв.

печали (несв.)

Седнах, моми, окол' баба пред црковни врати, па сја пуљам и сја чудам зашт' е жаловита и што барат в таква доба т'мна и вечерна, кога људи сја собират дома си сос чељад; кога људи си оставјат дневни си печалби и сбирајат окол' себе дребни, мили рожби, па с них они сја печаљат да сја развесељат, да забравјат дни си чрни, маки, таги, глоби...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Јас за тебе живеев, за тебе печалев, за тебе се грижев!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Виде ли? Така пари се печалат! Овде два, онде три, ваму десет, таму педесет гроша - ете ти сермија!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЗАФИР: Бездушници, убијци! Печалат на маката наша!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОТЕ: Дај му ти неколку низалки од овие на Анѓелина, наполни му една торба, инаку не се печалат пари...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Божем некој друг ти печали та ајде, бабо Анчо, удри гори што повеќе. (Ја зима фурката и седнува на каменот) Да ти се невиди и среќата твоја вака...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Димко отиде на занает кај коларот од соседната улица, Аким пак се врати кај својот мајстор во слаткарската работилница, Баждар преседе некое време зад катинар потоа се изгуби од улицата кон онаа страна на Вардар и му стана помошник на еден рибар, за некое време остана кај него на работа да ги печали тврдите залаци на црниот леб, онака како што никогаш не ги печалел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Америка ја знаевме од мрачната сала на кино Аполо - земја со Индијанци и каубојци, со јунаци какви што беа Буфало Бил, Арби, Лон Чени, Мачиста, Тим Мак Кој, земја во која правдата се печали со бровнинзи и со цврсти мускули.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Вели дека не може да печали и за мене леб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Белким ова старо познанство и пријателство ќе донесе некоја корист во селото" — А бре Калешко, Шише, Главче, Мисирли, Лесна, коџобаши, абре, не дошол јас овде да печалам пари како Масарбег, Вртановци, Крепчевци, бре!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Домаќини луѓе да се влечат по срезот, не го чинат кабул сето што ќе го продадат да е печалба, не само 40—50 проценти колку тие што печалат на продадената ракија, шеќер и друг бакаллак.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така си оставаа „зад врата“. Но тоа ништо не им пречеше на Сукаловци и тие си одеа, си работеа, си печалеа и си имаа од сѐ по малку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Животот бара мускули. А со нив се печали и љубов.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се обидуваше, вака скршен и престарен, дека ќе може да печали за двајца.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Јас сум само пропаднат човек. Печалам и имам пари в банка, а овде, внатре, боли.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Траеше една-две години, сѐ додека оној не замина пак во градовите да печали, како сите. ... Не спечали. Беше војна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко беше во групата деца што заминуваа првопратено, како него, се чувствуваа мажи, имаа по десетина години, одеа да печалат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И додека сите селани ги возобновуваа заборавените нивки во планината крај нивното село, кои, во времето додека тие печалеле по светот, беа насобрале по малку слоч за да можат да изранат по неколку жетви, а војната ги имаше испобркано сите патишта и сите граници, - оној тогаш шверцуваше со автомобилски гуми.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кој не ќе купи чукани одбрани брави лира за глава кога е сигурен дека толку ќе печали?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тогаш што печали што јаде ќотек?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе