петвековен (прид.)
Така бујниот Толе, притеснет од положбата во која се најдуваше, ги советуваше селаните да се спасуваат со гоштавање и придавачки, а сам во себе вркеше од гнев, сега не само на Турците, што си ги бранеа своите петвековни државни права, ами повеќе на Борисовци, Тренковци кои „дојдоа од џенемиите“ — од Бугарија — да ја запалат земјата и да го остават народот на милост и немилост на разјарениот душман“.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Петвековната турска империја целиот свој раскош го собрала во овие сараи и, можеби, ретки се други места што кријат толку големи богатства и скапоцености.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Татко ми потем се потсетуваше на општата мисла дека, по победата над фашизмот, партијата, според старите модели на Француската револуција што ги презедоа и осиромашија протагонистите на Октомвриската револуција, мораше да смета дека на Балканот, по петвековното отоманско владеење, класната борба ќе заврши како нешто сосем друго.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Меѓу познатите рабини од Монастир, во авионската визија на раби Елеазар бен Цви, дефилираат стари и достоинствени ликови од една петвековна галерија на битолски рабини: Шломо бен Аврахам Хакоен, еден голем законодавец чии респонси се печатени во четири тома некаде помеѓу 1586 и 1652 година, исто така во Солун, прочуениот рабин Аврахам Фалкон роден во 1643 година, раби Шмуел Цадок роден во 1690, стручњак за религиозно судство и верска правда, потоа угледнот Бенјамин Медина роден 1730, раби Аврахам де Јехуда де Бутон кој ги напиша респонсите „Махазе Аврахам” печатени во 1795, Давид де Бутон роден на крајот од 19 век, учениот и почитуван рабин Бенвенисти бен Аврахам Гатења роден 1859 година, раби Аврахам Гер Цедек роден 1800 и Моше Шабат Камхи роден 1865 година кој инаку бил преобратеник во јудаизмот, потоа рабинот Давид Бен Шломо Папо чии прочуени беседи „Бни Меир” и „Пне Давид” се изречени во Ерусалим во 1914 и 1924 година, потоа сефардскиот мудрец инаку главен рабин од Ерусалим, д-р Ариел бен Цион роден 1913 година...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тие го предизвикаа подемот, но и падот на Османската империја по петвековното владеење.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со ајде и јаваш би можело, филозофски речено, да се опфати времето на петвековната Османска Империја?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)