перфиден (прид.)
А веднаш крај нив кулоарските еминенции, перфидните „византијци“ кои предизвикуваат страв, налик на господинот Џемперко со кого нѐ плашат дека ќе ни биде претседател ако не бидеме добри. И тоа е целиот јавен живот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
По „интелектуалните кулоари“ доминираат глупоста, јаловоста, анахронизмот, шовинизмот, кукавичлакот, лицемерието, перфидните подместувања...
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Реков дека она „ми“ е вишок, и дека е перфидна импутација; но реков дека може да се каже „да“, и дека повеќе верувам во Свети Петар одошто во Партијата на здравиот народен дух.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)