перспективно (прил.)
„Маргина“ не е против хелиоцентризмот, логоцентризмот (фалоцентризмот!), антропоцентризмот, туку против центризмот воопшто, или, подобро речено (бидејќи перспективно патот кон излегувањето од дихотомиските стапици на умот - е бескрајно долг), „Маргина“ ќе настојува да го афирмира тој (еколошки) концепт на повеќецентралност и да ја унапредува онаа граѓанска свест за релации и релативност.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Капацитетот ќе може да издржи до 600 литри вода во секунда, значи планирано е перспективно и со зголемување на градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Треба да се промени терапијата
местото на живеење
да се одлета на високо и ведро
да се преземе нешто перспективно
знам, но имам поважни работи.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)