перодршка ж.

перодршка (ж.)

Потоа ја зема перодршката и ми напишува два дена боледување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од фиоката на масата извади една перодршка, едно шише мастило и една дебела тетратка во кварто големина, со црвена задна корица и со горна корица ишарана како мермер.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А во една мала продавничка со прибор за пишување, недалеку од тука, ја купи перодршката и шишенцето со мастило. На врвот од скалите застана малку.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон воздивна безгласно. Ја зеде повторно перодршката и напиша: „Таа се фрли на креветот, и брзо, без секаков увод, на најгруб, најужасен начин што може да се замисли, го крена здолништето. Јас...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко најчесто пишуваше со мастило и со перо, на дрвена перодршка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со здравје.“ рече газда Таки и повторно зема нов лист, а перодршката ја брцна во синото мастило веќе не дигајќи го погледот пред себе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)