периодично (прил.)
Роже-Луј Жино, швајцарски романисиер Толерантноста на таткото од балканската сага, ми се чини неразделива, од културата која ќе ја наследи авторот и кому му беше при срце да ја збогатува, но култура со една впечатлива, речиси библиска случајност и спротивставена на уништувачкото што го имаат сите идеологии – vanitas vanitatum – од кои што човештвото периодично толку многу страда.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Единствено ускладеност на психичката сексуалност и сексуалниот однос следен со оргазам укажува на зрела психичка организација и прилагодливост на објектните инвестиции, кои периодично се движат, меѓу конструкцијата преку сонот и деконструкцијата преку оргазмот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во една кариера обележана со периодично напуштање на успешните техники и методи на работа, со постојани обиди успешно да се обедини формата со значајната содржина и со една лична блескавост која што често се закануваше да го затемни креативното достигнување, не е лесно да се лоцира адекватниот центар на енергија од којшто целата извонредна креативност се ревитализира самата себеси.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Прво, хонорарното ангажирање по својата природа е флексибилно и периодично за разлика од редовниот работен однос и правата кои се уживаат од редовен работен однос се поголеми отколку во случајот на хонорарното ангажирање.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)