пајка ж.

пајка (ж.)

Седиме тројцата згрчени над разгореното мангалче и чекаме да зашушкаат над нас крилја на диви пајки, да шлапне водата од нивното паѓање.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Две диви пајки прелетуваат над ѓумето. Мамките, како предатели на својот род, ги викаат со крескаво гакање но тие, пред да ги видиме, се изгубуваат отаде водата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А пајките по селата масовно умираа од срамни болести. „Може ли жена да има брадиче?“ праша Мануш, и брзо додаде: „Прашав така. Се сетив на богородица.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мочуриштето беше зад кулисите на животот, брате Јоване, а предвечер, со прелетувањето на пајките, отекував од комарци и се враќав во заедничката барака без огорченост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Додека дивечот, (волците, мечките, лисиците, зајаците, јазовците, ласиците, смрдулките и куните) зашто нема кој да го прогонува и лови, се намножи до загрижување, преку цел ден и преку цела ноќ, страв да те фати, слушаш како тулилка, завива, кашла и си ги секне грлата во гората и во полето, птиците, пак, си мисли на барските, (чапјите, норците, галебите, пеликаните, кормораните, дивите пајки и дивите гуски; штрковите следејќи ги старите навики и стариот инстинкт, сѐ уште ѝ се верни на Потковицата, населбата на Станкоски Рид готово ја претворија во колонија на штркови: на покривот на секоја куќа, на оџакот на секоја напуштена куќа, има направено седело од штрк по мелиорацијата на мртвиците и Блатото, сосема, сосема, се изгубија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто опслужуваше многу села, и зашто тука, покрај патниците и железинчарите, постојано на чешмата се војваа - во лето: волари, косачи, жетвари и многу други случајни намерници и безделници, а зиме: ловџии, дојдени дури од Прилеп и Битола за да ловат тука, во ливаѓето, во Блатото и во Чепиговски Мртвици, диви гуски и диви пајки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но остана за чудење во врска со нив, со птиците, тоа што жителите на Потковицата, освен еребиците, дропките, тресопатките, дивите пајки и дивите гуски, другите не ги ловеа и не ги убиваа. Посебно не грабливиците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се будалиме, како да се работи за отстрел на диви пајки, а не на војници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зад нив и зад дрвото, поточно зад одамна сплетена ограда од црни прачки, во војнички ред пловеа по стрелесто прав поток три пајки и еден многубоен паторок. Над нив висеа сочни реси на жална врба.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Постои еден збор во Новоговорот“, рече Сајм, „Не знам дали го знаеш: пајкоговор, да квакаш како пајка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На масата лево од Винстон, малку зад неговиот грб, некој зборуваше брзо и непрекинато, остро пљампање речиси исто како гакање на пајка, кое се пробиваше низ општата врева во просторијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она што излегуваше од него се состоеше од зборови, но тоа не беше говор во вистинската смисла на зборот, тоа беше несвесна врева изговорена, како квакањето на пајките.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Туку ајде, печи пајка, ќе ја добиеш сликата од мене, ако не сега, наесен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)