пајаков прид.

пајаков (прид.)

Но отпрвин пуштете ме да ја испијам сета роса од пајаковите лулки во шумата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И сеедно ми е дали сум жеден и дали ќе ја испијам сета роса од пајаковите лулки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Само на некоја сламка бут од комарец се сушел обесен на пајакова јамка. Набожно христијанско племе.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Сириецот се исклештува, терајќи го најмалиот, голобрад придружник (сѐ уште исплашен од приказните за крвожедната Гило што во пустелија со пајакова плунка им ја цица крват на децата сè додека не им ја остави виснатата кожа) ситно да се закашла, придвижувајќи го натежнатиот простор како леснонога искра што се впива во молчалив преграб: - Не убедувај се дека тој ќе те заштити.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И ќе замавтаа со раката со оние стаклени и златни нараквици што го покажуваа времето, или покажуваат кои се тие, или едноставно проблеснуваат како пајаковите очи спроти сонце.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И додека канцерозните клетки на „медитациите“ бавно го убиваат пивтиестото месо на (не)стварноста, иднината е само низа на трошни црвоточни денови, а сегашноста полузадушено се превиткува во пајаковата мрежа на минатото, јас останувам да плутам внатре себеси низ правливите патеки на ништото, отсликувајќи ја бескрајната космичка празнина.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сочинението е мрежа пајакова, круг, нула чиста во која се содржи сѐ, од која сѐ излегува и во која сѐ се враќа, како што од утробата на жената, на буквата Ж, пород излегува: утроба, источник на светот и уточник, кога наслада во жената и писмото се бара!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, над книгата со записот стоеше распната пајакова мрежа, со конци врзани за сите четири агли на собата, кон сите четири страни на светот, кон сите правци на вселената, исток, запад, север и југ.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така, и двете, со сосема различни пасамка на мислата во своите глави, седеа додека самракот како ситна црна пајакова мрежа во пластови паѓаше врз нив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пајаковата мрежа распната пред сончевиот сјај се прелева во сите можни бои.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Одајата празна, а диванот ветвен Во пролет рана, со мирис летен Мислите мои – меланхолични звуци Душата моја – ѕвекот на прапорци Во очи си гледам качунка бела Мечтите мои – друга јас ги зела Делата мои пајакова мрежа ги вплела. 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Од другата страна на оградата, подигната околу големото градилиште, дење-ноќе стоеше толпа која нѐ набљудуваше како работиме; сигурно изгледавме како мравки обесени на пајакова мрежа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да веруваме и да ги подржуваме и егализираме сопствените избори, ќе го најдеме патот, зошто во срцето се скриени најголемите вистини, вистини кои ќе неослободат од пајаковата мрежа на лагите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)