пачавра (ж.)
Да не земиш некој пачаври да не можа да се опула во луѓето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
– Какви бераати, какви пачаври, бре домуси, туку ајте збирајте селаните да носат парите – им се врекна кадијата и им нареди на сејмените да ги одврзат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А Толе се осмели до лудило. Влезе во Ерековци, на саат место од Прилеп, го извади крволокот Авмеда и над Алинци го закла со ножот, та го натера Андона да напише на една пачавра, што му ја закачи на минтанот на градите: „Вака ќе помине секој Турчин шо ќе дигне рака на рисјанин“, Сите давии зборуваа само едно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Го фати, а?“ рече жена му, само жена можеше да му биде таа стара пачавра со змиски поглед и бедуинско крпиште на глава.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
За малку ќе заборавев дека чевлите чија флекница ја скршив од главата на мојот бивш маж, кого го начекав со некоја пачавра во мојот кревет, треба да ги земам од поправка...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Зашто секогаш ќе си бидеш обична пачавра, од татко што живеел над пилјара и од мајка перачка.“
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)