пауза (ж.)
Да не се закачиле нешто? Шепотеа, шепотеа меѓу себе и ги снема… (Пауза)Пак некоја комитска работа кројат!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Ех, сиромаштијо! Црна си како црн леб!... Пуста да останеш... (Пауза).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Во стриковото градинче, галабо, вишни ем црешни беревме, во уста си ги клававме!... (Во паузата на мелодиското пеење доаѓаат Костадин и Симка).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
КОСТАДИН: Оди, братче ти е. (Пауза. Си ги допиваат кафињата).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
А, Параскево, парчиња да се сториш! (По мала пауза.) Ај да си прилегнам малце да си ги одморам коските. (Легнува на миндер.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Анѓеле, бате! со здравје!... (Пауза. Го затвора прозорецот и завртувајќи се ѝ одат очите во иконата).
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Настанува гробна тишина. Пауза. Повторно чукање на портата).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Настана кратка пауза. - Вака веќе не може, - проговори пак сопственикот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
ЛУКОВ: (По мала пауза.) Да. Ракувате ли добро со оружје?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Згора на тоа би можел да печати и провинциско издание. Сосем сте без дух. (Пауза.) (Пауза.) Одете по ѓаволите обајцата.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
ЛУКОВ: Ќе го имате, ќе го имате. (Пауза.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Една реченица, прочитана развлечено и со издолжени паузи меѓу зборовите, го истакнуваше интересниот факт дека луѓето што станале против законот се млади луѓе, скоро деца.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Најдениот вујко погледна околу во луѓето и рече: - Слушајте, луѓе! - рече и направи пауза во која провери дали добро го слушаат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- И јас така мислам, - по пауза рече Шишман и конечно после сите колебања, решија таа работа да ја премолчат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Да, - одговори тој по куса пауза. Татко ми и порано многу малку зборуваше, но сега зборовите кај него беа станале вистинска реткост.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Во паузата на судењето, ми дозволија да поразговарам со него.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
- Заспа Горица, ја прашувам Уља со шепотење. - Заспа, вели Уља, еве ја ми дише в пауза, ме топли.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го говорев и тоа што беше напишано и тоа што никогаш не ми паднало дотогаш на памет. - Ох, молчи, молчи, брану див, кажи во овој случај кој е прав, кој е крив, - и, се разбира, вчас стивна бранот, настана една долга пауза, крајбрежните води тивко шумолеа, божем, го предеа платното на вистината, бело, а отровот, невистината се претвораше во малечки, црни меурчиња што ништожно умираа на брегот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И можете да си претставите каков впечаток направи мојата реч, дури и на моноклесијата, која намерно стана по пауза од еден ден, што бев ја направил предодениот ден, кога настојував собранието да се претвори во моноклесија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Некогаш, кога бев член на Парламентот, постојано ги пиев во пауза.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)