парола ж.

парола (ж.)

„Празна раница не чува граница“, почнаа да се читаат пароли по буките на Кравица, Петерник, Соколот и Добро Поле, изрежани со штиковите на гладните војници од оваа страна на фронтот и се зачестија „мечките“ каде што имаше Германци, а бугарските војници со „дикат“ дигаа сѐ што имаше за јадење од нивните магацини и кујни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Водорамно, како и сѐ во канцеларијата - масата, списковите, паролите ѕидни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вака прогнат на тврд камен во една пештера меѓу лисици и дождалци немам сили да се извинувам и да извикувам пароли.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се разбира дека тоа не е сѐ. Социјализмот во мојата претстава почнува некаде од некои газиени ламби, со право на одвај четири тетратки во годината во гимназиските клупи и со многу транспаренти и пароли против студот; со први куси панталони од излитено вејничко ќебе што ќе ги облечеш одвај на твојата шеснаесетта година за да прошеташ низ полето што сѐ уште потсетуваше како да е „во војнички цокули обуено...“
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сепак тоа беше заблуда и не потраа долго, ѕидот, набргу беше бело варосан и насекаде на неговата површина испишавме црвени пароли.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Се втурнавме во нивните пароли затоа што некој друг така рекол и ние рековме - амин.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Само за говори ве бидува, за пароли, за мамење. Таму да ве видам, на линијата...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Знаат да извикуваат пароли, да јадат, патем да лежат под сенка и да си ги одржуваат чисти војничките униформи. Во Прењес сите се плашат од падавичарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
— Името е машко, вели, но сопственикот е жена, вели, накај осумдесет носи на душа, вели, кое судии, вели, кое управници на логори, вели, кое по некое ѓубре како тебе, вели, но нашите убиства не ја загрозуваат државата, вели, вие со една парола ќе го кренете народот, вели, не може да си ја затвори устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ќе извика парола, велам и сум ја фатила вака за рамена, ја туркам и викам: женава е трудна!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Мислете пароли за пред стрелачкиот строј.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Носат знамиња, пароли на кои пишува: Не сакаме скапа технологија.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога беше сигурен оти наполно ја има довербата на Чанга, татко ми почна да му ги кажува своите страхувања за козите и за „незавршената класна борба”, како што често пишуваше на главните пароли во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зарем подоцна не се роди вечната парола дека човекот е најголемото богатство на социјализмот?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не го разбиравме значењето на овие пароли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Она коешто за својот претседател беше готово да се престори во збор, парола, цвет, во раскошна слика на стадионската трева.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Денешниот комунизам е “интернационален” само во таа смисла што своите пароли ги собира од московските арсенали.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На ѕидот, прострен од прозор до прозор, висеше парола, напишана со бели букви на парче тоалденор со боја на глушец: „Дувачкиот оркестар е пат до колективното творештво“ - Многу добро, - рече Остап, - собата за кружоци не претставува никаква опасност во поглед на противпожарната заштита. Да одиме натаму.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во бившата СФРЈ којашто 40 години нѐ маваше во глава со паролата „ништо не смее да нѐ изненади“, денес навистина веќе ништо не нѐ изненадува. Маргина 36 41
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во една од џамиите се чувале елементите за плакатите, паролите за големите партиски митинзи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе