парампарче (ср.)
И што не си рековме, боже златен, парампарче сме се правеле.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Мислеше дека сум парампарче...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Душата би му се сторила парампарче на ибн Пајкота да мислеше на некоја своја корист од оваа работа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Поза
Додека месечината од мракот
парампарче прави во нас
несвесното е распослано
како освојувачот пред Рим
кајшто сите патишта водат
тој што во тебе бара
сличности
со историски ликови
фрески
соѕвездија
твој домородец е
варварин биди
испади го
биди
на оваа гозба нема
ни мудрости ни шлаканици
ќе се сликаме голи и гладни
додека ги јадеме
животот
и лебот на љубовта
и за твојот и за нивниот
мирен
сон.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)