папо (ср.)
5. ТОЈ УШТЕ И ЛЕБОТ СИ ГО ВИКА ПАПО - та затоа и капата други му ја кројат, којзнае, пак, како би го нарекол стапот чиј удари девет по еднаш се бројат...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
А оттаму, кучкините синови, има таму една шепа од нашинците кои имаат големи уши и долги јазици, па и на лајното му викаат папо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)