паликар (м.)
Кај нас, тие паликарјата Македонес страв будеа и сееја со лош збор, со крвнички поглед, со стегната тупаница, со стап, камшик и со ластегарка в рака, со шлаканица, со подивен глас на стие, со начулено уво под прозорец и со намигнување на кодош..
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не е напишано дали некој од тие паликарјата загинал и не се знае што станало со торбата на Петропулакис.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Десно од нас истопорен на мермерен постамент – Коте, оној легендарен грчки паликари - јунак, кој за неколку јудашки златници со два прсти подадени од костурскиот грчки владика Каравангелис, го обезглави Лазо Поп Трајков. Котас, пишува на споменикот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)