падобран (м.)
- Ќе си одите - му одговори Планински, зеде седум-осум платна од падобрани, му ги даде на Евта и рече: - Овие падобрани ќе ги разделиш меѓу сиромашните селани во Мацково.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Со Трајчета ги прибраа падобраните и ги натоварија на Дорчо. Потоа се поздравија и тргнаа в село.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Во жолт падобран облечен паѓам пет сини ката во секунда.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Парсонс продолжи славодобитно: „Моето дете било сигурно дека тој е некаков непријателски агент... можеби спуштен со падобран, на пример.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Родена во Пиреја, очите навикнати на сините води на средоземието, грчките маслинови гори и паничниот вресок на жегалците летно време, овде, на север, во Македонија, Летка се чувствуваше како со падобран спуштена во непознати предели.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ја отвораше како падобран и дозволуваше со неа да лебди, та можеше со леснотија да се препушти на висината која се простираше пред неговите нозе.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
„Златен Свети Никола, спаси нѐ!“ - ја слушам Лилјана како се моли додека скокам без чевли на нозете и без падобран, а прст пред око не се гледа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)