падина (ж.)
ЧИН ТРЕТИ Во Арсовото лозје, Во позадината падина на Водно благо наклонета, начичкана со мали лозја, понекои оградени со ниски плотови.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Спомени на детство пак назад ме носат, по падини стрмни кога пасев стадо, во утрина кога окапена вроса со другари игравко овчарче младо...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Затоа кога беше дома, седеше крај баба си, а кога ќе одеше со волови, стануваше рано пред сите и се губеше од окото на секој човек пасејќи ги воловите по падини скриени во орманите.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Млада, убава, како тетовско јаболко румена жетварка, пченица зрела жнее и песна пее: „Излегол Гоце војвода чумата да ја пропади,“ По сочните зелени падини, ливади и китни македонски гори, пасат белоруни стада.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- се носеше нејзиниот глас и се губеше некаде низ зелените падини на китниот и убав Пелистер.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Високо дури во синото небо, издигнала глава легендарната Пирин Планина. По нејзините падини растат зелени борови.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Утринава ме најде командантот на бригадата и порача заедно да појдеме со тебе на падината над Пишишки Камен.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Некаква леснина ни бликаше од душата и нѐ тераше распалавено да се влечеме низ падината.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Излегоа на падината над Пишишки Камен. На зелената падина, под високите буки, на тревата лежеа и си починуваа многу партизани.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
И ете, оттогаш секоја пролет по падините и полјаните цутат илјадници жолти јаглики во спомен на малата Јаглика што живеела некогаш, одамна, одамна...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Изгледаше дека сивото зимско небо ги напушта своите височини и целото слегува по ридјето, падините, доловите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во присојот, над Заветна се огласуваше кукавицата, низ папратот, низ грмушките чуруликаа невидливи пилци, радувајќи ѝ се на пролетта, разлазени, растрчани по падината блееја јагнињата, а над сето тоа како пленувачка музика, изведувана од огромен оркестар, трепереа ѕвонците, клапките, прапорците. Убавина!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
СОФИЈА, речиси милионска, е расположена на падините на питомата Витоша, на „најшумовитата“ планина, чие зеленило, чија вегетација се спуштила долу во полето на благите падини - во Софија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Серпентините стануваат сѐ поостри и патот сѐ подлабоко завлегува во падините на Карпатите штом тој се приближува до Синаја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Штом се минат плоешките извори, веќе оддалеку се назираат првите височински на Карпатите, на чии падини се наоѓа планинското летувалиште Синаја, познато од порано како резиденција на романскиот крал Карол.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А кога и тоа ќе излезело од гробчето, Трајана ќе го фатела за раче и ќе го поведела прудолу по падините на Горник за заедно да пијат вода од Виданови Извори.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По трапиштата и излоканите места растат ниски, жилави, опори растенија: глог, шип, дрен, капина, повит, - прилагодени на скуден живот и осудени да ја држат земјата по падината да не се рони, да не ја свлечкаат дождовите.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Така, некогашната населба од само неколку многучеладни домаќинства, - Митреските, Перуноските, Ендоските, Бозоските и Ѕвездакоските - излезе од Дупка и непречена од никого, а не смеејќи да запоседнува обработлива земја, се искачи на најниските, неплодните, падини на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но зашто тие се најдуваат од кај страната на Градишки Пат, минува веднаш под нив, то ест од кај страната од којашто постојано се заканува опасност, зарешетчени се со железни прачки па дури и да стане и да ги отвори, пак не ќе може да се подаде низ нив и да го види цел Станкоски Рид, - ги гледа само јужните падини на Горник, Дупка и западните падини на Зедница - заедно со Горник и со гробиштата на Рамник на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)