очиглед (м.)
Фатените старци и баби ги тераа врзани под тврдината и таму ги тепаа и мачеа на очиглед на бунтовниците – нивните деца и браќа, терајќи ги да ги наговоруваат да се предадат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ѝ ја засука кошулата и ѝ наброја дваесет и пет дренови по дебелото месо, на очиглед на цело село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Потоа ги отераа на срецело и на секого по гол газ, на очиглед на луѓето, му удрија 25 стапови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Нешто што, велеа, им останало во крвта уште од времето на комитите, кога тие, на очиглед на Турците и предводени од Михаила Акиноски се учеле да нишанат, а кое, денешниве власти, во согласност со потребите на општонародна одбрана, усрдно го помагаат - и тогаш кога Потковицата беше полна со мажи, а и сега, кога е останат уште само некој од нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На оваа убавица со години сум мислел, сум се мачел да ѝ пријдам, поради мислата на неа толку пати не сум можел да легнам со жена ми и одеднаш, сега кога таа ми се предаде, кога имав чувство дека пречекорувам во пределите на рајот и чистата среќа, дури и помислував како ќе се разведам за да се земам со оваа жена, јас одеднаш почуствував несовладлива желба за сексуален однос со мојата жена која, еве, на очиглед ме изневерува со радијаторот, како што тоа буквално може да се каже.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
2. Чудно нешто се случуваше со ибн Бајко. Откако во Нерези, на очиглед на сите светци што се грижеа за неговото спасение, им пријде на седнатите турски големци, главата како да му зовре од многу мисли и планови.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мажите во нашето општество не ги повикуваат редовно на сцената за да се покажуваат или за да уживаат на очиглед од мешовити публики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)