оттргне (св.)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Улицата, сива и безизлезна, беше оттргната од својата секидневна зачмаеност.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тапан, а? Сакав да се оттргнам од тешката рака што ми висеше преку рамо и да побегнам. Не можев; нозете ми беа фатени.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Се заредија тешки ноќи на она циганско лето во кое природата со последни сили му се отргнува на сонот.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Жената врисна оттргнувајќи се од неговата долгорака прегратка. И пак стана уште поситна, понесигурна.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Млакиот млаз врз врелиот тил за миг го отргнуваше од треската па се враќаше кон креветот и мислеше дека ќе го победеше мракот еднаш за секогаш ако во бесполезните години ја проучуваше хемиската супстанца на таинствената светлост на светулките.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
А таа не се оттргнува од него и во длабочините на нејзините зеници наѕирнува занесена податливост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не можам да се оттргнам од наметливоста на Глигора.. .
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во вистински час се оттргна од она негово зборување. Го бараше со поглед Глигора.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се сети зошто Горјан и Огнен го праќаа в село и остануваа сами со коњчето и зошто Тале сè ќе најдеше некоја работа само и само да го оттргне од коњчето.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Да го оттргне бегот сина си од ова влијание беше го испратил некоја и друга година во Стамбул на училиште, а тој се запиша потоа во военото училиште и со една група кадети отиде и проведе две години во Германија, та кога се врати, стана муљазим, а пред една година и јузбашија!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„Море напред, семката твоја“, свика војникот и го удри со кундакот, но Делин се изви, напна со сета сила и им се оттргна од рацете.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Заѕвони. Се оттргнав од нејзината рака што ме беше прегрнала и потрчав во класот.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тука посетителот, оттргнат од денешницата, очекува да види нешто сосема ново, изненадувачко.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Горештините принудија многу луѓе да се оттргнат од градската врева: железничката станица е претрупана со патници и тешко се добива место во вагоните.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Гетото, синагогите, гробиштата се само детаљ од Прага. Штом ќе се напуштат човек бара веднаш да се турне во бучавата Прага, во некоја пивница за да се оттргне од средновековието.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Само тој знае какви тревки и корења треба да се собираат за да му го замрачат умот, за да го доведат до некаква рамнодушност спрема сѐ што се случува околу него, да го оттргнат од луѓето и од грижите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сè повеќе и жена му ја избегнува, зашто таа постојано, во секоја прилика, му зборува да се оттргне од таа празна, јалова работа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Правеше напори да не мисли повеќе на Злата, да ги префрлува мислите на друго, да ја избрише од свеста како да не постои, како да не ја запознал - но не можеше: оттргнувајќи ги мислите од неа, тие сѐ повеќе се упатуваа кон неа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Докторот Татули вели дека многу луѓе имаат ваква појава, на некои им се случува и дење, будни а да чекорат занесено, замислено, прават движења и работи кои не им доаѓа од свеста, туку така механички: гледаат, и не виѓаат, слушаат, а не сфаќаат, отсутни се - сѐ дур некој не им свика или не ги сниша за рака и не ги оттргне од таа занесеност...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)