отспие св.

отспие (св.)

Првата помисла беше дека најпосле ќе можам малку да отспијам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сигурно тие што чекореа набргу ќе престанат, ќе се смилуваат, ќе ме остават нивните газди барем малку да отспијам, за да можам да ја продолжам утрешната етапа на патувањето кон морето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Само да ја отспиеме зимава предвидлива – ние капетанот и ти, и уште едно ти. 09.2000.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Поарно е малку да се отспие и да биде човек трезен кога е буден. (Пауза.) Ја сретнав Лиле. Праша како си и те поздрави. СТЕВО: Не ми е гајле.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Со себе ја носиме топлата сончевина и синилото на небото, зеленилото на шумите и одзвукот на ѕвонливиот ветер, мирисот на пчелинокот и чембрицата, опојниот вкус на зрелите шумски јаготки и желбата што тука, под ведро небо и под сенката на бадемите не успеав да отспијам и да отсонам дел од детските спомени и најскришните копнежи и таги.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дај ѝ време на вистинската вистина. Вистинскиот одговор, најчесто отспива и утредента доаѓа чист како солза ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)