отслужи св.

отслужи (св.)

„Вистински слуга божи е оној што може да застане на алтарот и да отслужи света литурѓиа“, повторуваше тој за целиот свој живот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така, со најубави желби и полна готовност да му помогне, старецот го испрати својот долгогодишен слуга, а Петко го напушти овој свој дом не без тага на душата и болно чувство што ќе се оддели од својот питачки стап, но сепак задоволен од тоа, дека ќе може подоцна, како поп да му отслужи и литургија на неговиот свети Илија, како што му собираше осумнаесет години разни подароци од селата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега само отслужи една обична Златоустова литургија, се назова „Христос воскресе“, се причестија луѓето што ги испостиле седумте недели страшните пости, му дадоа по едно јајце на попот за „божиот дар“ што го примија од него и црквата се пушти.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Единствена деградација - знак дека палтото си го отслужило своето, - што немаше повеќе за него место во орманот и што висеше на еден клинец зад кујнската врата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога дошле со мирис на сол или на јод или на морски треви во косите, еден од друг погрд и сепак со чудна смиреност под русите веѓи, рекле Дојдовме од далечни мориња, бевме со синџири врзани за кораб, му отслуживме на царот, нѐ пушти болни и без заби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко ги знаеше и сите детали за херојското држење на Мајка, кога го спасуваше семејството од прегратките на смртта, за време на грчко-италијанската војна во 1940 година. – Што стори со знамињата? – праша директно Татко. – Многу се изветвени за да можам да ги прекројам за облека за децата! – Барем за нешто да послужат! – дофрли Татко. – Тие си го отслужија своето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И уште една противречност во неговото движење: неговата очигледна стегнатост на отслужен војник.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, се воведоа и три нови права: •  правото на работникот или работничкиот претставник на синдикално образование (чл. 154, ЗРО/05); •  правото на платено отсуство од работа заради образование од сопствен интерес, и тоа само за деновите кога работникот првпат го полага испитот (чл. 155, ЗРО/05); и •  правото на платено отсуство од работа заради вршење на функции или обврски кои произлегуваат од посебни закони (пр. непрофесионални избрани функции, судии-поротници, воени обврзници и/ли резервисти, како и при вршење одбранбени должности, должности на заштита и спасување и сл.) – чл. 150, ЗРО/05; д) во сферата на мирување на правата и обврските од договорот за вработување, покрај дотогаш постоечките случаи (при неплатено отсуство, при избор или именување на државна или јавна функција и при упатување на работа во странство), се прецизира и мирувањето во случаите на: (1) притвор; (2) изречена казна или воспитна односно заштитна мерка, за период пократок од шест месеци; (3) отслужување воен рок; (4) вршење цивилна служба со надомест и (5) во други случаи определени со закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Така, евиденцијата на невработеното лице од 2004 година престанува да се води и во случаите кога лицето: а) замине на отслужување или дослужување на воениот рок; б) одбие работно ангажирање за вршење на јавни работи; в) работно биде ангажирано на јавни работи над 30 дена, за времето на овој ангажман и г) работно е ангажирано или врши дејност.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Неосновани причини за откажување на договорот за вработување се: 1) членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор; 2) поднесување тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи; 3) одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство или нега на член на семејството; 4) користење одобрено отсуство од работа и годишен одмор; 5) отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба и 6) други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со овој закон (чл. 77, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие за државата си го отслужија своето, си ја добиваа заслужената пензија, на нив повеќе никој не можеше да смета, освен тие на самите себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)