отсечен (прид.)
ТЕОДОС: (Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина, со густи, накуштравани веѓи кои го оцртуваат намуртеното чело и го засенуваат, правејќи го уште постуден студениот поглед; со остар, отсечен говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на најблиските најмногу, со потценување дури и презирање преку волја, како и да не заслужуваат со нив да се разговара.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
- Не сакам отсечена елка, - рече Билјана.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ја фатив за рачето и си појдовме дома. А таа беше молчалива и тажна. Тагуваше за отсечените елки.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Сепак некоја идна капетанова ќерка повторно да повторно ќе ги засака огреаните тела на непостоечката дивина... едно пливачко попладне или дали еволутивниот премин од водата кон копното претходно подразбира ист таков напреден чекор во спротивна насока ...влези во водата зарем не гледаш дека крвариш се насмевнува тате секогаш во право потрчај кон лековитите бранови нурни се јас со силното татковско тело ќе те дочекам ќе те сочувам од рефлекторите го намокрувам стапалото поспано ме допираат водените стопрсти мојата црвена крв потечува низ нивните сината низ моите вени нагоре над коленото толку лесно не боли тато пази на сѐ риба сум малечка засолнета во устата на таткото поаѓаме по топлите струи кон југ кон југ кон југ... но што сега се насмевнува ако те исфрлам од утробата до кога ќе се сокриваш во мене до кога ќе бидеш глува слепа ме турка ме истуркува од себе немој врескам тој немилосрден е немилосрден е ме протерува пливај сама нуркај сама храни се сама љуби сама греши сама сама сама... повторно на брегот на карпите со сонцето на влажниот стомак го чекам да се врати од водите од подводните пештери да ми ја залеп левата шака на старото место потполно сочувана сите живци капилари мускулчиња секое движење стисок допир само тате да плукне на раната ќе се врати отсечената шака пак ќе су негова негова негова негова негова...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Грчките војски останаа отсечени во Албанија, и почнаа да се враќаат ко помочани.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Си ја гледаме косата како ни паѓа во отсечени перчиња по рамената, по колената, под нозете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Напати ќе чујам глас што ми вели да бегам, но јас не можам, отсечени ми се нозете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се тркалаат на една страна отсечени глави и на друга шајкачи, кечиња, калпаци, шубари, пискули, фесови, чалми, козирки. Сини, бели, сиви, црни, црвени, бели...
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Косоокиот самурај Мак Даф победоносно ја изнесува косооката отсечена глава на куклата Маг Бет.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Момчињата играат и изведуваат стриптиз со цревата; жените ги набиваат отсечените гениталии во своите пички, ги вадат и ги фрлаат врз своите избраници...
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ја радуваа гласовите на децата што шепотеа меѓу себе, отсечните одговори на некои од наставниците, а најмногу ја смируваше грлениот глас на Танаско кој е тука со целата своја тајфа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Наместо неа, еден отсечен војнички глас го читаше, со некакво грубо задоволство, описот на вооружувањето на новата Пловечка тврдина, штотуку укотвена помеѓу Исланд и Фарските острови.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На триесет и пет годишна возраст тој веќе таложеше сало на вратот и околу половината, но неговите движења беа отсечни и младешки.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Работи што се тркалаат сонцето, од пладне до полноќ; тинејџерки на ролерки на кеј лете; ти, во тревата, кога си весел; портокал испаднат од ќеса во гепек; Сизифовиот камен; количката на скалите во „Крстосувачот Потемкин“; нечија отсечена глава; клопчето на Аријадна; оревчиња на Бадник; капка пот помеѓу големи цицки; фудбалска топка во неуспешно бегство од зелениот терен; една солза, па уште една, па две-три; Големото тркало; годините, и ние со нив.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
длабоки ископини леи нива сепак ровови железни птици бучава луѓе зелена боја лице маслинови гранчиња чизми шлемови куќарки вреќи песок писок на деца на жени плач делови екстремитети старци глави прошетка без тело мршојадци храна конзерви знамиња шарени искинати ветер вее чад пламен чад пламен куклен театар отсечени глави поле посеано мини калинки оловни зрнца искинати страници свети книги молитвеници љубовни писма парички објективи камери од небото бомби микрофони од небото храна гребаници лице исекотини раце истуткани фотографии плускавци стапала урнати мостови нејасен шуштеж радио станица не музика нејасни наредби пеплосани амајлии урнати мостови немој! немој! бело знаме Тресна на подот и повеќе не гледаше никакви слики.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Главите на пилињата беа една по една вешто, како со ножици поткастрени, а кожата им беше вовлечена, така што шиите личеа на корења од четири отсечени прсти, што беа заглавени во мрежата на кокошарникот. „Ракун“, извика Милан. „Или лисица!“
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И јас сонував потоп. * Запис што го сонувала отсечена глава на морнар, пронајден на морско дно
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Кога го виде кроткиот изглед на Акакиј Акакиевич во неговото старо виц-мундирче, тој наеднаш се сврте накај него и му рече: „Што сакате? “ – со отсечен и цврст глас, за којшто имаше вежбано намерно во својата соба, сам и пред огледало, една недела пред да го добие своето сегашно место и генералскиот чин.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во канцеларијата доминираше нејзината строгост и отсечност во зборувањето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)