отпуст м.

отпуст (м.)

Се завртоа три пати околу бурилото и дедот поп го прочете отпустот, им дрпна пак неколку благослови, си ги собра „алатите" во торбичката, а Илко и Доста им бакнаа рака на сите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се најдов во небрана — изненадена сум невела — не чини неј — нив непара — не толку нетоп — невестински украс од тенеќија кој ја заменува короната ниа — оние нии — нив нуна — кума (делхинутив — кумица) нишан — знак нишка — нит, нитка на платно нишчелки — направа на разбој за ткаење ној— оној ногашчка — наплеток од косата обрецнам — врекнам, нависоко ќе проговорам обрус — долга везана крпа со реси од која се прави чалма на главата одер — врста кревет на столни ногари закопани в земји на кој се чуваат алиштата и покровите во визбата одвраќам вода — басна на вода за да се мени положбата во која се најдува озастра — утринава онбашија — турски војник десетар — каплар опурчак — искинат опинок кој веќе не се носи оралиште — место каде се игра оро ораџика — жена што игра оро орјатка — погрден збор за жена со која друга жена е скарана орман — густа гора оужје — накит олепела — лесна клетва осмак — мера за жито 50 оки отпуст — поповска песна пред свршетокот на извесна. служба павти — женски накит од сребро и бакар пагурче — сад за ракија пазамарка — џеб на селска кошула пајвани — ортомчиња со кои му се врзуваат нозете на коњ да оди раван — ситно парка — што ѝ е, што ѝ пречи да направи нешто паскурник — шара за шарање поскури пачавриче — книжулче, може и крпче од ткаенина пашит — без самар коњ, маска, магаре пералник — котел во кој се топли вода за перење песјачка — погрден збор за жена со која друга жена е карана петле — во онаа см. наполеон — пара златна француска со петле на неа петравил — епитрахил петреви гаѓи — горско цвеќе пинок — опинок плак — старец плетва — трева во сеидбата поврзало — врвца на торба или вреќа, како и на огламник на добиток подвеска — дел од селска облека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што ќе стане со отпуската, прашувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога биле на отпуска, жените ги молеле да се предадат, оти децата им трпат за јадење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Војникот се исправи и ме погледнува. Одвај го познав. Секулета Дамјановски. Се враќа на отпуска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кој да бара отпуст на државјанството во годините на неизвесната војна, кога брзо се уриваат старите граници, се поставуваат нови.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А она за што треба да преговара - се фаќа Мертен за рачката на еврејската канцеларија местејќи ја срдечната, како што ја нарекува меѓу блиските, „филосемитска“ насмевка на лицето и молскавично рекапитулирајќи почна таа сабота на 11 јули 1942 на Плоштадот на слободата, во близината на пристаништето каде што од утринските часови се собраа над 9000 полнолетни мажи Евреи, а како часовите врвеа и еден сѐ поброен куп љубопитници, обични граѓани од сите возрасти, дами и госпоѓици и војници на отпуст, без задолжение во конкретниот зафат на кој тие 9000 души со часови, најнапред беа попишани, а потоа, терани да прават салта, да изведуваат глупави гиманстички вежби на врелото сонце, без заштита на главите, со бројни онесвестувања што на крајот го расипа првичниот весел впечаток и во присутните почна да создава непријатност и отпор...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Новото работно место на кое е прераспределена е референт за прием и отпуст на осудени и притворени лица, матична евиденција и статистика – а, само по себе, подразбира 73 непосредно вршење на административна работа при внесување и изнесување осудени лица во и од КПУЗ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)