отпоздрави (св.)
Не му отпоздравуваше на понизното веднење на лимарот Петар, дури и не го забележуваше, а пред беспризорните ги дуваше белите образи и намуртено веднеше глава.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- Добровечер, - смирено рече нечеканиот гостин. Дедо Бошко го отпоздрави низ заби и тргна по него.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Што стана? – со треперлив глас го праша кадијата Јунуса не отпоздравувајќи го и не слушајќи ги поздравите од Рифата и забитот, што влегоа по него. – Готови се кади ефенди, готови! – Готови? – радосно викна кадијата и се стрча кон Јунуса, го прегрна, го избакна и почна да го тапка по плеќи: – Бравос, бре синко Јунусе, бравос!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Една куќа, свате, една куќа, на здравје... - радосно отпоздравуваше Карче, среќен што најсетне му се исполни големата мечта да може со најприкажаната охридска фамилија да се смета една куќа...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Добро ми дојде! - го отпоздрави мајка му и го прегрна.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Слобода на народот! - го отпоздрави комадирот.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Не се ни сврте кон луѓето да ги отпоздрави.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
— Добровечер, Толе, добровечер, домаќине, — го отпоздрави Апостол кој многу ги ценеше овие самородни и смели борци и војводи во чиј ред и тој спаѓаше.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Истовремено размислувате и за тоа дека човекот што не ви отпоздравил ве потценува, за него сте безначајна личност, а тоа длабоко ве навредува.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
и полковиот му рече освобождавам те од обвинението, откако го ислуша, за петнаесет дена ќе добиеш и решение, и Ристе се тргна, отпоздрави и се тргна, и одат после други, и којзнае што ме дупна и мене, и јас ќе одам ќе прашам, што ќе стане со Македонија, велам, Македонија е долга и широка, ми вели полковиот, и за Македонија одговор сега нема, одговорот е во вас, во сичките нас, благодарам, му велам, коњите се тепаат, а магарето го јаде ќотекот, покорно благодарја, велам, и как се казваш, Мирче Мегленов и ме запиша, мајчето негово, и после ротниот секаде мене ме праќа: во извидници, кај што студи, кај што е калливо, кај што главата ти е пред куршум, и еднаш со Стевана нѐ пратија кај окопите англиски, 124
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Луѓето ни отпоздравуваат со кренати мотики и тупаници.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дедо ми го отпоздрави, ама од местото не стана. Не можеше да се изначуди.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Навистина е убаво - ја крена чашата и наздрави. Кметот и учителот му отпоздравија.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ја крена чашата и наздрави при што сите станаа и со насмејано и весело лице ѝ отпоздравија: „Многу среќа и радост во Новата година!“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Авторот го поздрави прилично гласно и наметливо, а за возврат Едо бразничанецот само промламушти нешто „под мустакот“ што требаше да значи отпоздравување.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Поздрави, овие го отпоздравија, а тој седна на онаа страна на клупата на деда Најда.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Војникот отпоздрави и гласно запраша: „Грци сте?“ „Не сме Грци?” – одговорив.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Кога ќе излезеше во чаршијата, ако ќајата на занаетчиите не го отпоздравеше, тој помислуваше на пизмата од Тодора, која ете, го следи и надвор од дома и му го поросува патот со остри срчи.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Време е за пиење кафе и белолаглави старци седнати крај масите и потпрени на крлуци, го чекаат својот филџан. Ги поздравуваме, ни отпоздравуваат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Откако се отпоздрави по краткиот разговор, ја врати слушалката на своето место.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)