отомански (прид.)
11. Најголемиот грчки остров Крит во 1897 год. успеа да добие автономна управа во границите на Отоманската Империја.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се разбира, не е само раскошот единствената причина да се видат обата дворца, туку уште повеќе и фактот што низ нив се гледа релјефно раѓањето и пропаѓањето на едно царство, особено убаво предадено низ портретите на падишасите, сместени во една галерија на „Топкаписи“, низ чии ликови се чувствува топотот и растежот, славата и пропаѓањето на аџеилуците со нивниот последен изданок Решад, чија старечка физиономија соодветствува на „Болниот од Босфор“ - отоманското царство во распаѓање...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ПОСЕТИТЕЛОТ на Истанбул, особено оној што првпат доаѓа во овој град, не треба да пропушти да ги види некогашните сараи на турските султани, кои го чуваат споменот за величината и раскошот на отоманското царство.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Простувајќи се од зимата на Женева и од пријателите,Кристапор Микелајн, сега како русин и под името Самуил Фаин, за Стамбол да ја проучи можноста за атентат врз султанот Абдул Хамид, за сите поробени, поточно за оние што веќе не можеа да го издржат робувањето под Отоманска Империја, тој синоним на злото.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кога првите востанички истрели им дошле до глава на негушките претставници на отоманската власт и кога почнале дивите страженија со аскерот на Емби Лобуд кај селата Прахно и Цер и на некои ритчиња судбински определени за православни и муслимански гробишта, Панделиј Каламарис паднал болен од коњска кашлица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во исто време Турците ја имаат Либија под власт на отоманската Порта и пропаѓа во вазалската кнезовска Србија обидот за донесување на прогресивен Устав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа е изразено во чувството, присутно уште од отоманското време, дека луѓето од Исток ја чувствуваат власта како фаталност што доаѓа од многу далеку, од многу високо, дури од Бога, која мора да се поднесува и против која се останува немоќен.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Меѓутоа, како посебно интересно се наложува присуството на козите на Балканот уште од праисториските времиња, нивното присуство ѝ претходи на Византија и, се разбира, на Отоманската империја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми ревносно си ја вршеше својата работа, главно врзана за преведување стари документи од отоманското време од XVI до XIX век, значајни за сите на овој дел на Балканот, документи што самиот ги откри при едно од своите многубројни трагања...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
За од старото Отоманско царство, коешто се гордееше со тоа дека се состои од 72 „зрна просо” (народи, нации во пред- националистичката смисла на тој поим) да се искова нов граѓански идентитет, Ататурк својата нација мораше да ја доведе во спротивност со персиското и арапското наследство коешто доминираше со културниот живот на Отоманското царство.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но Фаик Коница придонесе со своето дело, особено со своето француско-албанско списание „Албанија”, издавано во тек на десет години во Брисел и во Лондон, по долготрајното отоманско време во Албанија да надвладее влијанието на европската култура и цивилизација.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Уште тогаш неговата мала и кревка родна земја, излезена со неизвесна судбина од отоманскиот тунел, пет века трагајќи по излез од него, со сите рани, лузни на преобраќањата, верски и идеолошки, по сите преселби и битки, му се виде и како плен на сталинистичката идеологија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во 1479 година султанот Мехмет II ќе го освои Скадар со сто илјади војници и веќе три века подоцна градот ќе стане значаен центар на Отоманската Империја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Размислуваше така за себе Јагулче Дримски, небаре беше црвен отомански валија, во сталински вилает, во очекување на катил-ферманот, или ферманот за унапредување.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Отоманската Империја го институционализира јаничарството, со својата јаничарска армија, составувано од исламизираните деца рисјани.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И сега, кога Татко беше во зенитот на својата потрага по старите отомански документи во кои се сокриваше тајната на идентитетот на семејството, во потрагата по ракописната Атлантида во која се криеше историјата на заминатите и исчезнатите на неговиот народ и другите народи на Балканот под отоманска власт, се префрлуваше во потрагата по природните закони во откривање на еволуцијата на живите суштества во Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И така, отоманските обичајни кодови, потврдувани од животот, се одржувале заедно со христијанските и со муслиманските закони.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Реков дека си завршил отоманско право во Цариград.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Самир Мустафа, откако ги прими првите карти, продолжи: - Во еден битолски вакаф откриле неколку сандаци со стари отомански записи, дефтери...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
По војната во Битола се доселија цели деведесет илјади главно селани, приближно колку што имаше во турско кога таму живееле неколку илјади турски офицери со своите семејства, до или во времто кога Милтон Манаки во Париз купи камера, се врати во Битола и стана првиот граѓанин на Македонија кој ја крена раката пред Неговото Величество султанот на Отоманската империја Рашид и му нареди: „Застанете Височество„“ Неговото височество му се потчини на битолскиот фотограф и така во историјата на уште долго непостоечката македонска кинематографија и на Балканот беше втемелен првиот документарен филм.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)