откупи св.

откупи (св.)

Најди пари, откупи ме, откупи ме од татко ми!... Не давај ме на друг, Костадине!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Црквичка да соѕидаме, душичкиве да ги откупиме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Пуцето го „откупи" Младен Чкулот: да му оди 10 пати со маските во Прилеп по стока за дуќанот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста пак сакаше да биде и „волкот сит и овците на број", да му даде нешто малку многу на Крча и со тоа да го откупи целиот Трајков мал, да ѝ остане за Толето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имено, повеќето од нив беа Мариовци од селото П’чишта кои оваа година ја откупија планината од Селим-бег од Солун за триста и седумдесет гроша – дваесет квадратни километра борова, букова и дабова гора со не помалку рудини и пасишта, за да не им клава бегот сточари Власи и Мијаци, а нивната стока да умира за вода, паша и од жештина долу крај селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Старешините молеа, преколнуваа, метанисуваа да не се пусти селото, да им остави срок од пет-шест, десет дена, да толчат глави, да продаваат, да се заборчуваат, да соберат нешто пари, нешто стока, да се откупат, но ништо не помогна.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Осумдесет и седум гроша. — Јас би ти дал и сто и осумдесет и седум да се откупиш, ама тоа не е спасение од ниј.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа рече: — Значи, ваа вечер ќе и ватиме сете топтан и ако не сакаат да се откупат—се знае.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се запознав со Драгана. Тој ја пакуваше својата слика за една брачна двојка Англичани, што ја откупиле за 200 франка. Драган, по сѐ изгледа беше задоволен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од 1935 година бргу опаѓаат плантажите на ружи зошто бугарскиот монарх ги откупувал по 300 лева за еден декар.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ѓурчин имал некој пријател поп, (можеби тоа бил поп Пулиз од кого Ѓурчин откупувал к`шли (пасишта) и кого што го споменува во својата автобиографија, кој живеел во Солунското Поле и имал убава ќерка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа, испиен и невозможно аглест под излитената мантија со боја на исчадено вишново дрво, го оживувал стравот на Откровението од многуглавата Библија: Фиданка Кукникова еднаш се заколнала на верност пред олтар а маж ѝ е жив, скита и се откупува од гревови негде, ќе му побелат очите од печал и копнеж, ќе се врати на своето парче камен во некоја од пештерите и ќе му се пожали на господа - делкав по светов крстови за твоја слава, зошто ме фрлаш во нови искушенија?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ворхол во тоа име го ангажира и сценаристот Роналд Тавел, па дури во еден момент ги откупува и правата за романот „Пеколниот портокал“ на Ентони Барџис според кој е снимен Vinyl (оваа верзија ѝ претходеше на Кјубриковата).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се надевавме дека после ќе се појави некоја диско куќа и ќе ги откупи снимките.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Потоа продолжи: „Дали не им ја украдоа водата од Дарван, не им се удри ли зимоска малкуто тутун што го откупи Монополот на трета класа, не плаќале ли маказарчани и другите жители во оваа кааза во времето на Никола Поцо, како што пишува и во царскиот ферман, повеќе данок отколку што треба?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откупував пасишта таму од беговските чифлици и плаќав дури до двесте турски лири, ако пасиштето беше големо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веројатно, кон крајот на триесеттите години, некој париски букинист ја откупил старата фотодокумантација на парискиот дневник.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пошто од селаните билките, печурките и боровинките ги откупуваа селските задруги, на Сврделот не му беше тешко работите да ги нареди така што стоката тие да не ја дават на некој друг додека прво не се допрашаат од него дали тој сака да ја земе или не.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бошко беше среќен, ги откупија неговите три деца и жената, ги спасија од пазариштата на робја на Крит и во Едрене, каде што сигурно ќе ги однесеа, зашто таму цените беа повисоки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Би сакале да ја откупиме куќата. За добра цена.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Повеќе