откровение ср.

откровение (ср.)

Зашто напорот да се одделат од традицијата ги доведувал до едно усвитено место од кое, ако ништо повеќе, можеле да го редуцираат товарот на формалните, манирските и рутинските, наследства и да дојдат, како до сопствено откровение, пак до јадрото и сублиматот на традицијата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Им преостана „Денот на Откровението“. Секоја година, на денот на стапнувањето на Островото, испрааќаа по еден добро опремен, брз брод во потрага по нови поданства.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тогаш попот трипати се прекрстил и повикал уште еден ангел, шестиот или седмиот од Јовановото Откровение, да го заглушува светот со труба: врз една третина луѓе од земјава се наднесува смртта со исклештени триесет и два заба, доаѓаат илјадници и илјадници киклопи во огнени, синомолскавични оклопи под лавовски гриви, опашите им биле двоглави змии. Морничаво и печално.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа, испиен и невозможно аглест под излитената мантија со боја на исчадено вишново дрво, го оживувал стравот на Откровението од многуглавата Библија: Фиданка Кукникова еднаш се заколнала на верност пред олтар а маж ѝ е жив, скита и се откупува од гревови негде, ќе му побелат очите од печал и копнеж, ќе се врати на своето парче камен во некоја од пештерите и ќе му се пожали на господа - делкав по светов крстови за твоја слава, зошто ме фрлаш во нови искушенија?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
6 Петтиот ангел од Откровението на светецот Јован Богослов од Новиот завет непрекинато и во паника дувал во долга труба од чиј сјај и водите ослепувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И го видов во моето видение и него: мал, расклештен, со опашка грозна, влакнест како пајак, во центарот на малата апсида: отстранет, прогонет од небото, од таванот на одајата мрачна, но сепак тука, блиску, како да чека да се врати, како да е привремено тргнат на страна; прогонет од големото, тој чекаше како пајак влакнест во своето мало небо, оти небото на две беше поделено, на големо и мало; си чекаше таму, сам во својата вселена, со тие негови вжарени очи на гревот, страста и блудот; и во тие вжарени очи јас ја видов, во откровението мое, сета историја на светот, вековите со страдања, казни, измачувања, распнувања, убиства и кражби, блудничења и невери, потоци крв и солзи видов поради страсти јавно искажани, поради создавање вселени мали, поради ловот на малите и неспособните во мрежите на големите, силните и отровните; и видов дека и Филозофот гледа, и дека мисли исто што и јас, и дека се обидува да се сети како гласеше последната реченица со која завршуваа претсмртните ливчиња на отец Мида, па се разбравме со поглед и јас реков:
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оној кој не знае најпрвин да го отстрани пајакот што демне над словото, тој само оддалеку чита и не разбира; само оној што ќе ја отстрани пајажината од пред очите ќе го види словото како видение, откровение и ќе разбере, оти ќе ги чита не само зборовите, туку и гласовите, боите нивни, белините меѓу нив и редовите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
19. Беше полноќ, и јас одев по коридорот, и минував крај одајата на отец Лествичник, враќајќи се од откровението што ми се укажа во одајата на Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нунета пријателите го признаваа за поет иако тој многу често им говореше за чудни пронајдоци и несфатливи откровенија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пријателите поетот Волкашин Нунески го викаа Нуне Волта, зашто тој, покрај поетските вдахновенија, во себе ја носеше дарбата за научни откровенија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И без неа, и со неа, тој не можеше да сфати дека љубовта, всушност, живее така, во ретките мигови на откровение што не треба да се забораваат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но во секого се внесуваше како во откровение: крв и месо на убоста со занес на почетник и на првак.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Боцевите другари се збираат да се поразговараат за настаните, што со секој ден напираат сѐ понови и потревожни, и се мачат да ги подведат најновите известија под боговдохновените предвидувања на Откровение Јоаново, да узнаат по тие знаци на кое место се наоѓаме по патот на апокалипсата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Целосно просветлено. Достигнал откровение.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогаш неговото битие станува совршено. Целосно просветлено. Достигнал откровение.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Оваа книга за мене станува вистинско откровение.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Откровението не дошло, а навиката станала корава.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Живеете кретенски, хипнотизиран, малограѓански полусон и чекате откровение, чудо, се подготвувате за големиот час кога вашиот живот конечно ќе започне, а сѐ повеќе се сомневате дека тој час воопшто ќе пристине.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А јас во нивните откровенија откривав аргументи за моето соочување со разликите кои ги зајакнува историјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И само понекогаш некој ќе се загледа во сенката што ја фрлаат облаците или некое дрво, или ќе се загледа во сопствената сенка, и тој миг му изгледа како насетување на некакво откровение.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Повеќе