отворање ср.

отворање (ср.)

Чекај, кир Ристаќија, не брзај за отворање, да не се сети Антица оти е дубарлак и фрц назад!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На отворањето од вратата Луков отскокнува и го управува револверот кон вратата. Методи застанува.) Сам ли си?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Црепните почнуваа да ги газат, на Руса Среда, 14 април стар стил, но тоа беше само отварање на црепнарската сезона.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
идат сега полицајците на Јанис Метаксас и ти дежураат пред устата, под ушите, не смееш ни кучето со свои зборови да го повабиш, ни козата да ја искараш, оти не им зборуваш грчки, ти велат, моето куче не знае грчки, им велиш, мојата коза не разбира, полицајците и оддалеку знаат на кој јазик зборуваш, по отворањето на устата знаат и идат право на тебе и во отворената уста ти плукаат и после ти ги кршат забите и ги бришат словенските букви од црквите и од гробовите,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, едно отворање и — кап за врат, ме нацрпија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во Солун, пред отворањето на Солунскиот фронт, се запозна со неколку свои соселани мобилисани во српската војска.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Отворањето на фиоките е рамно на отчкринувањето на волшебна кутија: смекнатата браон банана меѓу копчињата, виљушката до моливот, тој до кремата за бричење.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Колку и да се сакаше, по отворањето на земјата и десталинизацијата, козјото прашање, нецелосната и неуспешна колективизација, да се потиснат на втор план, особено по раскинот помеѓу Тито и Сталин, со исклучувањето на Југославија од источниот лагер, со свртувањето кон Запад, во земјата позачестено доаѓаа новинари за да видат што се случувало зад „железната завеса”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Отворањето на ново соѕвездие – тука во соседсвото. Шпагите на патиштата, заоѓањето на сонцето во евтино шише рум.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Сакав да те одведам на море, ти ветив колиба на планина, а наместо тоа, те поканувам на отворањето на мојата изложба – домашна, самостојна, Новогодишна, во мојата соба за скијање натапкана со конфети, памук и со снег на екранот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Веднаш ќе ве упатам на потребата од отворање на портата на друг медиј, кој било, кого што дури можеме да го наречеме автореференцијалност или рамка.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Парот се довезе во градот од своето селско престојувалиште во долината Делавер на отворање на изложбата на акварели на Џоен подоцна таа вечер во галеријата на нејзиниот агент во квартот Сосајети Хил.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се надеваше дека ќе се одбрани од ваквите самоубиствени импулси со отворањето на дневникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Заедно со бранот размрдан воздух што го предизвика отворањето на вратата, во ќелијата допре и силна смрдеа на ладна пот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Униформата му тежеше на рамениците, тротоарот му ги скокоткаше табаните, дури и отворањето и затворањето на шаката му претставуваше напор од кој крцкаат зглобовите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нека се склучи третото отворање, печатот трет од вратата нека се симне.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Двапати веќе отворена беше; остануваше само уште едно отворање.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Говор, патетичен како по урнек, како на отворањето на собирот...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во ова време расте немирот и растат очекувањата и нестрпливоста тие да се остварат заедно со бабрењето на земјата и со отворањето на пупките. Ѝ пишував за ова на Агна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По некој извик далеку, топот и фркање на коњ, отворање и затворање врата, замавите на метлата на Надежда во дворот уште раното, пред да може да се крене прашина, кашлицата на мајка ѝ.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе