осумнаесетгодишен (прид.)
Тоа беше Кузман, осумнесетгодишно момче, високо и танко како стебло, со долги млитави раце и голема глава.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Врати се, мора да го разбудиме на време нашето осумнаесетгодишно детенце кое повторно се успа и задоцни на училиште!
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
На осумнаесетгодишна возраст го доби првиот велосипед со помошни тркала (неговите другарчиња одамна имаа научено да возат).
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Тука да фатиме пусија - продолжи со раскажувањето тогаш осумнаесетгодишната партизанка.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се видов осумнаестгосишната јас, млада што се вели на прагот од животот полна со желби и планови.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
А во командата на баталјонот дознаа и по телефон се раскараа со пцости и ми се заканија со воен суд, демек ќе ме стрелаат, ако јас неа не ја стрелам. Како да стрелам осумнаесетгодишно девојче?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Андонис, осумнаесетгодишно момче од тесалиските села, со главата навалена врз рамото на Јана, не разбира што зборува Циљка, сал слуша со богољубен израз на лицето.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)