осумдесетгодишен (прид.)
На портата се покажува Никола, осумдесетгодишен старец, наметнат со широк густо плетен црн џемпер.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Беше само еден осумдесетгодишен старец, од кого мирисаше некаква бол.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Писмото ми го испраќаше осумдесетгодишниот пензиониран каменорезец, стрико Бојан Домански, кој често ми се јавуваше, но уште почесто исчезнуваше.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во селото Подгорје најдовме осумдесетгодишен маж кој ни рече дека пред шеесетина години поминаа по тука многу луѓе.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во молк го ислушав раскажувањето на сега осумдесетгодишната и некогашна партизанка на ДАГ, која неочекувано, со горчина во гласот, ме праша: - Како ли да го наречеме тоа време на кое често му се навраќаме во нашите спомени?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дворот од неколку квадратни метра, со разгрането стебло на кајсија во средината, крај кого наместо маса беше легната макара од кабел со неколку јасикови трупци наоколу прилагодени за седење, Ханка го делеше со осумдесетгодишниот пензионер од „Металски” Боро Симески кој по смртта на својата сопруга го продал станот во Тавталиџе, им ги поделил парите на двата сина, и се сместил во приземната барака со една соба и кујна, веднаш до нејзината.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)