османлиски прид.

османлиски (прид.)

Во 1878 година во Македонија избувнува Кресненското востание, кое, зашто нема поткрепа однадвор, каква што имаа востанијата на другите балкански народи под османлиско ропство, српските, грчките и бугарските, бидува задушено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Првин, уште пред да оди во Цариград, пишувал на латиничната абецеда, од лево на десно, па, потоа, го учел османското, арапското писмо.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа во Грција ги потсетувало на 1875-76-78 година, кога покорените словенски народи востанале против османската власт и кога за нив, главно, Европа се заангажирала да им ја поправи положбата преку наложување реформи на Турција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Под формата на „Совет на државните долгови“, во Османската империја била воведена туѓа финансиска контрола.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Овој обид на гемиџиите имал и една друга последица: за прв пат тие се откриле пред Револуционерната организација дека постојат како револуционерна конспиративна група која што планира да се бори против османската власт и веднаш ја добиле нејзината подршка во лицето на нејзиниот прв човек - Гоце Делчев.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Како признат хроничар на родот Буколовци и фамилијата Прокопиеви, бившиот адвокат бате Иле (така во семејството го викавме и ние, половина век помлади од него) долгата семејна историја ја зачинуваше со историски податоци уште од времето на османлискиот војсководец Лала Шахини, према записите на историчарот Пастухов (презиме што, признавам, не сум го провел, но кое звучеше во целосна согласност со предметот на неговото интересирање – инвазијата на турските освојувачки орди).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Постариот внук, бил Ферит-паша Влора, долго време везир во Цариград во времето на Османската империја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога имала четиринаесет години,турската Османлиска Империја била добро легната врз Балканскиот Полуостров.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нејзините надежи и делумно ќе се исполнат, кога Татко, сплеткан во витлите на Големата војна, најверојатно жртва на хасмата*во родниот Подградец, работејќи во еден период како преведувач по француски јазик и инспектор на училиштата на албански јазик (според записи на легендарниот поетот од Подградец Ласгуш Порадеци), под управа на француската администрација, по наговор на командантот на француската окупациона зона Едуард Огист Иполит Мортје ќе се најде, по тајни патишта, во цветот на младоста, во Истанбул за да учи за кадија, крај својот вујко Али Фетхи-беј, во времето на најжестоките борби за создавање на нова Турција, по целосниот распад на Османската империја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само два дена по почетокот на Првата балканска војна, на 20 октомври 1912 органите на Османлиската власт се повлекле од Тиквешијата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Југославија, со своите делови кои биле под Османската империја (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Македонија), но и под империјата на Австро-Унгарија (Словенија, Хрватска, Војводина), можеби повеќе од било кои делови на Европа и светот, опстануваше во жилава инерција, се метаморфозираше, понекогаш се обновуваа рецидивите на синдромот на јаничаризмот, на невозможните манипулации на монархистичката, републиканската или идеолошко-тоталитарната власт со идентитетот на човекот кој живееше во различна јазична, етничка, верска, идеолошка и друга заедница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Скопје бил заземен во 1392; Бугарија во 1393; Во 1396 , по смртта на крал Марко и Константин Драгаш (1395), кои биле османлиски вазали, нивната територија била освоена од Османлиите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Програмските цели на другарството биле: признавање на македонските Словени од страна на Османлиската империја како посебен народ со посебен литературен јазик кој напоредно со османскиот би бил официјален јазик во трите македонски вилаети; признавање на македонска независна црква; назначување на генерален гувернер со помошници од националните малцинства во трите вилаети и локално избран народен совет.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Сите надежи на баба, за заминување на семејството во Турција и тамошен прифат, почиваа врз моќта на нејзиниот прв братучед Али Фетхи, по мајкина линија, кој по завршената воена гимназија во Битола (со Мустафа Кемал, негов најблизок, доживотен пријател) и Воената академија станува воено аташе во Франција (1911), потоа амбасадор во Софија (1913), крај Мустафа Кемал кој е воен преставник на Османската империја, потоа премиер на Република Турција, кога Мустафа Кемал станува претседател на Турската република, па потоа амбасадор во Франција, амбасадор на Турција во Велика Британија, па Претседател на Парламентот на Турција, Претседател на првата Либерална партија (1930), во обидот да се организира мултипартиски систем во новата Република.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како пример, тие ги посочувале годините на распаѓањето на Османлиската Империја при крајот на XIX век, кога претходниот сојуз меѓу Русија и Австро-Унгарија се претворил во отворено ривалство во кое секоја сила настојувала да ја добие контролата на Балканот".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
10 За САД, македонското прашање влегувало во рамките на т.н. балканизам. 11 Појавата на ВМРО и Врховниот македонски комитет во голем дел не го привлекла вниманието на дипломатите на САД, бидејќи само неколку службеници работеле на Балканот и тајната природа на движењето останало надвор од очите на Американците, кои биле фокусирани на економските работи, пред сѐ во пристаништата на Османлиската Империја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Недоразбирањата, дилемите, неизвесностите кои владееле во Царството, колку и да биле разрешени во големите војни, кои конечно довеле и до падот на Османското Царство, не можеле конечно да исчезнат и во зборовите со османско потекло во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше среќна што најпосле завршуваше мисијата на обајцата во потрагата на османските заемки, верувајќи дека најпосле ќе се свртат кон покорисни работи во куќите и семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во вакафот на една битолска џамија се пронајдени неколку сандаци полни со стари книги и записи од османско време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)