ослободен прид.

ослободен (прид.)

Еве во што се состои тој прародителски грев: Бугарите се ослободени од Русите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ослободените „братушки” сега не сакаат да си ги признаат своите грешки; ете зошто изјавуваат дека тие се сите русофили, и дека го милуваат рускиот народ, но не ја милуваат руската влада, која не ги изразувала народните чувства кон Македонците и негативно се однесувала кон секоја искажана од народот симпатија кон нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Другари! Таквите тврдења не се ништо друго, туку една лага, една клевета фрлена на ослободителката Русија од еден ослободен ропски народ што уште не е слободен од неговите ропски инстинкти со кои се ползува за да ја оправда својата глупава „самостојна” и „национална” политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На чудесен начин сум ослободен од својата тежина, можеби сум веќе во некој друг свет без сомневања и без прастарата човекова навика со зло да го одржува животот на својата крв.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Веќе не мирисаше на гнил зеленчук - воздухот беше ослободен од отров.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
– А вие – им се обрати на сужните – ќе бидете ослободени од прангите и затворот и ќе си одите во вашето Мариово заедно со овој ваш син и брат Ангелета, како што сте го викале порано, но ќе гледате да не се посрамотите со нашиот падишах.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Најмногу им тежеше неизвесноста до кога ќе ги држат во затворот. Co нетрпение чекаа да ги изведат пред султанот, со надеж дека ќе ја разбистрат работата и ќе бидат ослободени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Негде се кинеше на слогови невесел и истрошен глас, песната од ослободеното грло беше сонлива и лазеше несигурно по земја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оние двајца сосема заборавија на ноќта; дури сега наеднаш, тие чиниш почнаа да живеат, просто ги сеќаваа миговите како ги доживуваат, и како ги испраќаат, ослободени од сѐ друго, полни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тој можеше да мисли на Претседателот и на бригадирот Језекил како секогаш, наполно ослободен од времените впечатоци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во таквите куси мигови, кога успеваше да заплива сам во таа белина, чекорот му стануваше лесен како на елен, а во него се насобираше некое гнездо топлина, што раздразнува меко, гаделичкајќи го во градите, и му беа потребни само уште неколку такви, длабоки и слободни здивнувања, за да ја изгуби сосема тежината на туѓото присуство и да запее, да вресне нешто без смисол и без ниеден збор, само еден див долг и ослободен вресок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ослободен малку од грижата да го рине снегот, ослободен и од стравот што му го задаваа волците, момчето почувствува потреба и да се среди малку, да се сврти кон себе, да се измие.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само крајезерските куќи, оние што беа цапнати во езерото, беа ослободени од ова снежно заточение.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа што бев ослободена од многу од моите поранешни обврски и што отпрвин ми беше многу тешко, постепено почнав да го чувствувам како пријатна околност.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
И наеднаш во глувата тишина на денот врз дворот почнува да јачи громот ослободен од летните окови на жегата.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Куќата сега се виши ослободена од товарот на птиците со мирни темели врз мртви корења ни ѕидови се тресат ни врати треперат од татнежите на растењето и возбудениот воздух.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во оваа чаршија цел ден врие, сè е во движење, никому ништо не му пречи кога е на нејзините покриени улички, зашто тие се ослободени речиси од каков ѝ да е сообраќај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Вели: „Сиромавиот никаде нема роднини“ , велеше Лазор Ночески и стана што стана на бродот, а бродот не го пуштаат одоздола, од кај нас, имало војски, имало војни, а таму ни рекоа дека сѐ е ослободено, сега мораме да вртиме околнаокол, откај Црно Море, откај Бугарија, прпа, прпа, допаткавме до Бугарија,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се надеваме дека императорската влада, откако ќе се увери во нивната невиност, ќе заповеда да бидат ослободени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поправо, најстариот од нив им рекол дека сега, кога сме ослободени од едните и од другите, треба да ги заборавиме сите поранешни пизми.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе