осамостои (св.)
Убавината станува таинственост. Површините и цртите се одвојуваат од исклучиво предметната врзаност, се осамостојуваат, најнапред во горчливи игри.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Реалната опасност, тој да се отргне и осамостои и да придвижи сопствена налудничава динамика со која може да ја загрози и егзистенцијата на општеството во целина, само е посреден доказ со колку хазард може да се води една политика која себе се смета за центрумашка.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Гого и жена му го запознаа девојчето кога дојде синот дома да си ги собере пљачките, а после останаа да се тешат: Гого наоѓаше оправдување за неговиот наврапит (по него) и непромислен (по неа) чекор, во тоа што детето, односно човекот, сака веќе да се осамостои, да застане на свои нозе и да заснова свој дом, па и да се оттргне од влијанието на таткото како сликар и просто да излезе од сенката на неговиот авторитет.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Потоа пукнатини, пукотници
испакнат папок, длабок рез.
Ако треба
и љубов ќе водиш
ќе го одвоиш телото
ќе го осамостоиш
- што би се рекло -
ќе се залагаш за самоопределување
до отцепување
(еуфемија за отуѓување)
ќе се откажеш од независноста
ќе се вратиш неколку века назад
никаде, ничија
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од осамостојувањето на Република Македонија до денес се донесени три закони за трговските друштва, во 1996, 2002 и 2004 година, 1 со тоа што вториот никогаш не стапи на сила. 2 Законот од 1996 година има претрпено дури 13 промени, 3 додека законот од 2004 година досега претрпел 3 промени.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)