орница ж.

орница (ж.)

Прибирајќи ги есено време коњите, Вите видел убави орници со богата паша, па една есен си направил нешто меќанец — колипка — во полите на овие високи планини, презимувал, а пролетта си ги дотерал и овците и говетцата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тргна и запеа: Не седи, Џемо, слободен, ајде, Под таа круша горница, Џемо, Крај таа река Ситница, На таа нива орница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Долу, по орниците, од каде што пред неколку дена стана снегот, ги појавија своите сини и жолти главчиња качунките, а разните тревки распуштија зелени ливчиња, мамејќи ги беговите јагниња на сладок појадок.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе се почувствува господар на ситуацијата и ја задржа тројката неколку дена на рожденско, па откако се намилува со Прочка, го префрли Перун и се најде во витолишките борови гори на Камчева Орница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Глас на епските ѕвона што се слуша ноќе, во зол час: високо – орлица, под неа – орница, на ортома меѓу нив – Ти!
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ортома: меѓу орлица и орница шарена змија, стебло со рани и засеци.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)