орловски (прид.)
Беше висок, снажен, со долга руса коса, орловски нос, цврсти и секогаш румени образи, широко чело.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Дине не прекина со работата, не се сврте ни напоречки поглед да му упати, ни проломоти под својот орловски нос.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Старецот што го следеше тој стоеше покрај шанкот, занесен во расправија со барменот, еден крупен, цврст младич со орловски нос и со огромни шепи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Имаше гордо, орловско лице, што можеше да се нарече дури и благородничко, сѐ додека човек не дознае дека зад него нема никаква интелигенција.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
ПАРАСКЕВА: Очите ти се црвени како крв. Косата не си ја исчешлал со месеци. Ноктите орловски. Што правиш со себе?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Усните му беа полни, заокружени со две фалти брчки кога се смееше и над кои се вишеше орловски, но убав нос.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Косата му беше целата залижана нагоре, а големиот орловски нос беше главен декор на неговото лице.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)