оризиште (ср.)
Далеку назад останаа нивите и оризиштата а пред нив се спружи темно–зелено поле, како бескрајна нива, прошарена тек–тук со понекоја ретка врба.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„А долу, во оризиштата и во реката ги има колку сакаш.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- А каде живеат? - прашав. - Долу, во полето, по оризиштата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А во оризиштата имаше најмногу пијавици. Таму ја заработив и љубовта кон планината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За него работат и соланите низ цела Румелија, тарапаната за сечење сребрени аспри, тарапаната за златни дукати, сребрените рудници, оризиштата, трговските такси...“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)